МЛАДИТЕ ДА ГИ ПОЛОЖАТ ИСПИТИТЕ НА ЧИСТОТАТА

Денес ми дојдоа две-три студентки и ми рекоа:

– Старче, молете се да ги положиме испитите.

Им одговорив:

– Ќе се молам да ги положите испитите на чистотата. Тоа е најважно. Се’ останато подоцна може да се среди.

He им реков ли добро? Да, денес е голема работа да се види на лицата на младите смиреност, чистота! Навистина, голема работа!

Ми доаѓаат некои, /од гревот/ повредени девојки. Живеат невнимателно co момчињата, не сфаќајќи дека нивните намери не се чисти и така се повредуваат /рануваат/.

– Што да правиме, оче? – ме прашуваат.

– Сопственикот на кафеаната се дружи co бекријата, но не го жени co својата ќерка – им велам. – Раскинете ги тие врски. Ако навистина ве сакаат, ќе го почитуваат тоа. Ако ве остават, значи дека не ве сакаат, барем ќе заштедите време.

Ѓаволот ги валка младите, имајќи го за оружје нескротеното и разбранувано тело и така се обидува да ги упропасти во тој тежок период низ кој поминуваат. Разумот се’ уште им е незрел, многу се неискусни, а духовни залихи немаат.

Затоа младиот треба да чувствува потреба за советите од постарите во тој кризен период и во таа кризна возраст, за да не се лизне на благата стрмнина на светската падина, која постојано ja исполнува душата co напнатост, оддалечувајки ја од Бога засекогаш.

Јасно ми е дека на едно нормално дете во добата на младоста не му е лесно да биде во таква духовна состојба, па да не прави разлика нема ни машко – женско /Гал. 3, 28/.

Затоа духовните отци советуваат момчињата да не се дружат co девојки, колку и да се духовни, зашто возраста им е таква и тоа дружење нема да им биде од корист. Ѓаволот ја злоупотребува младоста.

Затоа е подобро девојките момчињата да ги сметаат за глупави /или момчињата девојките/, поради неговата духовна одмереност и чистота/ и тој /храбро/ да го носи тој тежок крст.

Зашто овој тежок крст во себе ја крие сета сила и мудрост Божја и тогаш момчето ќе биде посилно и од Сампсон и помудро од мудриот Соломон.

Подобро е да се моли кога оди и да не гледа лево-десно, дури и ако може погрешно да биде сфатен од роднините, зашто, демек, ги презрел и не разговарал co нив, отколку да гледа наоколу, да претрпи штета и да биде погрешно сфатен дури и од светските луѓе кои смислуваат лукавства.

Илјада пати е подобро после Литургијата да побегне од луѓето како див ѕвер за да ја сочува својата духовна сосредоточеност и сето она што го стекнал co учеството на богослужбата, отколку да остане и да ги гледа крзната /или девојките – краватите/ и духовно да подиви од греботините што непријателот ќе му ги остави на срцето.

Вистина е дека светот, за жал, се расипа, и душата што сака да ја сочува чистотата, каде и да отиде – ќе се изгнаси. Сепак, Бог денес нема да го бара она што некогаш го барал од еден христијанин кој сакал да ја сочува чистотата.

Потребна е внимателност и претпазливост и младиот да го прави она што може; да се бори да ги избегнува причините за грев, a Христос ќе му помогне. Кога ќе се разгори божествената љубов во неговата душа, таа е толку топла, така што има сила да изгори секоја друга желба и секоја грда слика.

Кога ќе се разгори овој пламен, тогаш се чувствуваат оние божествени сладости што не можат да се споредат co ниту една друга сладост. На оној што ќе ја вкуси оваа божествена мана, повеќе никаков впечаток нема да оставаат дивите рогови.

Затоа треба цврсто да го стегне воланот, да се прекрсти и да не се плаши. После оваа мала борба, ќе ја почувствува небесната нежност. За време на искушенијата потребна е храброст, a Бог ќе помогне на чудесен начин.

Старец Августин ми кажуваше: како искушеник отишол во еден манастир во својата татковина, во Русија. Бидејќи таму, речиси, сите биле стари, него, како послушник, го испратиле да му помогне на еден манастирски риболовец, бидејќи манастирот од тоа се издржувал.

Еден ден, значи, дошла ќерката на рибарот и му рекла на својот татко дека поради некоја итна работа треба да се врати дома, а таа останала да помогне. Но искушението ја совладала оваа девојка, и таа, не размислувајќи, се нафрлила на искушеникот co нечиста желба.

Bo тој момент Антониј, тоа било световното име на старецот, се збунил затоа што се се случило неочекувано. Се прекрстил и рекол:

„Христе мој, подобро да се удавам, отколку да згрешам” и се фрлил од брегот во длабоката река!

Но добриот Бог, гледајќи ја големата храброст на чистото момче, кое постапило и се однесувало како нов свети Мартинијан, за да ја сочува чистотата, го задржал на површината на водата, a не се ни изводенил!

„Се’ уште не сфаќам како стоев на водата, без да ја изводенам својата облека, иако во водата скокнав на глава”, ми рече.

Во тој момент почувствувал некој внатрешен мир co неискажлива сладост, што целосно ја уништила секоја грешна помисла и секое телесно возбудување, кое претходно настанало поради непристојното однесување на девојката.

Подоцна, кога девојката го видела Антониј како стои на водата, почнала да плаче. Се покајала за својот грев, потресена од ова големо чудо.

Христос не бара ништо големо и спектакуларно за да ни помогне во борбата. Очекува незначително. Едно момче ми рече дека бил на поклонение на островот Патмос, но ѓаволот таму му поставил замка.

Додека шетал, некоја туристка стрчала кон него и го прегрнала. Тој ја оттурнал и рекол:

„Христе, дојдов овде на поклонение, а не за заљубување” и заминал. Вечерта во хотелот, додека се молел, го видел Христа во несоздадена светлина. Гледате ли на што се удостоил само поради едно свесно одбивање на искушение?

Други co години се борат, прават големи подвизи, а прашање е дали ќе се удостојат да видат такво нешто! A тој го видел Христа само затоа што му се спротивставил на искушението. Секако, тоа духовно го поткрепило.

Подоцна уште два-три пати ги видел: свети Маркел, свети Рафаил и свети Горги. Еден ден дојде кај мене и ми рече:

„Моли се, оче, повторно да го видам свети Ѓорги. Потребна ми е мала утеха; а во овој свет утеха нема!”

А гледаш до каде стигнуваат другите млади! Еднаш во ќелијата ми дојде едно момче co својот чичко, кој беше постар, и ми рече:

– Помоли се за една девојка. Го скрши ‘рбетот при една несреќна случка. Нејзиниот татко заспал додека возел. Тој загинал, а девојката е повредена. Ќе ти дадам и една нејзина фотографија.

– Немa потреба – му реков.

Ho бидејќи тој настојуваше, ја зедов фотографијата и имав што да видам! Девојката лежеше, а две момчиња ја држеа.

– He разбирам. Што им е на нив /на момчињата/? – го прашав момчето.

– Пријателка – ми одговори.

– А тој? Дали ќе се жени co неа?

– He – ми рече – тие се само пријатели.

– Немој погрешно да ги разбереш децата – ми рече неговиот чичко. – такви се младите денес.

– Ќе се молам – помислив во себе, – да се поправи, не нејзиниот ‘рбет, туку нејзиниот памет, а и твојот, изгубен човеку.

Каде е тука почитувањето? Чичкото би требало да го искара. И тоа ти се некои духовни деца… имаат духовник, a доаѓаат до таква состојба!

Дури и да мислат да се венчаат, нема причина така заедно да лежат, a овој уште и да ми ja покажува таа фотографија! И не ни помислува дека во тоа има нешто непристојно.

Мене лично не ми пречи, но не е во ред. Какво семејство ќе основа ваквата младина?

Бог да ги просветли младите за да дојдат при себе.

Co колкава жртва некогаш девојките ја чувале својата чистота! Се сеќавам дека за време на војната селаните беа принудени co стоката да се повлечат на еден рид завеан co снег.

Мажите од гранките под снежните елки направија засолниште за да се заштитат од студ. Жените, пак, беа принудени да се заштитат од соседите, од познатите луѓе. Некоја девојка и баба од далечно село, влегле во едно од тие засолништа од елки.

Но, за жал, туку имало некои безбожници и кукавици кои воопшто не се грижеле за тоа што имало војна. He сочувавувале во страдањата co своите ближни, кои биле ранети или загинати, туку барале прилика да згрешат, плашејќи се дека, ако загинат, нема да стигнат доволно да лудуваат.

Барем за време на војната да се покаеја!

Еден таков кој ни за време на војната, како што реков, не помислувал на покајание, туку на тоа што повеќе да ce (из)наужива, толку дрско ја вознемирувал девојката, што таа била принудена да си оди.

Избрала да мрзне, дури и да умре надвор на снегот, само да не биде обесчестена. Кутрата баба, гледајќи дека девојката заминала, ги следела нејзините траги и ја нашла после триесетина минути одење, под стреата на црквата на свети Јован Претеча.

Чесниот Претеча се погрижил за чесната девојка и ја довел во својата црква за којa девојката никогаш немала слушнато. Слушни што направил после светиот Претеча! My се јавил на еден војник* во сон и му рекол што побрзо да оди во неговата црква.

Војникот станал и тргнал по осветлената од снегот ноќ кон црквичката, за кoja, отприлика, знаел каде се наоѓа. Но што имал да види! Една баба и една девојка биле во снег до колена, помодрени и вкочанети од студ.

Веднаш ја отворил црквата, влегле внатре и некако дошле при себе. Војникот немал ништо друго да им даде, освен шал за бабата и по една ракавица за двете, па им рекол да ги менуваат од едната на другата рака. После му раскажале за искушението што им се случило.

– Добро – и’ рекол војникот на девојката – како одлучи да тргнеш ноќе, по снег, во непознат правец?

А таа одговорила:

– Па, немав избор и верував дека Христос ќе ми помогне.

Тогаш војникот, потполно спонтано, сострадално, а не просто за да ги утеши, им рекол:

– Вашите маки веќе се завршени. Утре ќе бидете во своите куќи.

Ha овие зборови тие многу се израдувале и уште повеќе се загреале. И навистина, се активирал Л.О.М**., па патот се отворил. Утрото, следниот ден, таму бил воениот превоз, па тие две се вратиле во својот дом.

На таквите жени од Грција облечени во божествена благодат – а не на оние што се оголени од неа – треба да им се воодушевуваме и таквите да ги фалиме. После оној ѕвер – Бог нека ми прости – отишол кај командантот и му рекол дека некој војник ја скршил вратата од црквата и внатре внесол маски!

Командантот му одговорил:’„Не верувам дека тој направил таква работа!”

Накрај завршил во затвор.

_________________

* Тој војник бил самиот старец. Ова се случило кога го отслужувал воениот рок за време на Граѓанската војна.

** Л.О.М.: Loco- Oreinwn Metaforwn – ридско-транспортна единица

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец (Трета глава: Нова генерација)

Претходна статијаСлободно бирајте со што ќе се поистоветите: со Царството Небесно или со царството земно, односно со пеколот! (Митрополит Наум)
Следна статијаБолни, примете ја мајката на здравјето…