За Свештенството
354. Што е Свештенство?
Свештенството е Света тајна во која Светиот Дух го поставува оној кој е правилно избран преку епископско ракополагање да извршува Свети тајни и да го пасе стадото Христово. И така секој човек нека не’ смета нас за служители Христови и управници на тајните Божји (1 Кор. 4, 1).
Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи, за да бидете пастири на Божјата Црква, која Toј ја откупи co Својата Крв (Дела 20, 28).
355. Што значи „да се пасе Црквата”?
Да се пасе Црквата, значи да се поучуваат луѓето во верата, благочестието и добрите дела.
356. Колку се на број степените на Свештенство?
Постојат три степени на Свештенство: епископ, презвитер и ѓакон.
357. Каква е разликата во степените на Свештенството?
Разликата меѓу нив е во тоа што ѓаконот сослужува при Светите тајни (но не ги извршува); презвитерот ги извршува Светите тајни, притоа наоѓајќи се во потчинетост на епископот; а епископот не само што ги извршува Светите тајни, туку има власт преку ракополагање и на други да им го дава благодатниот дар, за и тие да ги извршуваат.
За епископската власт апостол Павле му пишува на Тит:
Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш превзитери, како што ти бев нарачал (Тит 1, 5) и на Тимотеј:
Раце на никого не полагај пребрзо (1 Тим. 5, 22).
Пренесено од книгата “Православен катихизис” од Свети Филарет Московски