Нова генерација
ИСЧЕЗНА ДУХОТ HA ПОЖРТВУВАНОСТА
Денешните луѓе, барем повеќето од нив, никогаш не ja почувствувале радоста од пожртвуваноста затоа што не го сакаат трудот. Завладеаја: мрзливоста, удобноста, изобилството на олеснувања. Исчезнаа: трудољубивоста, пожртвуваноста.
За успех се смета тоа кога човек ќе постигне нешто без труд, кога е обезбеден co ce’. Нема ли удобност, нема ни радост. Но кога би се поставувале кон се’ духовно, луѓето би се радувале на такви прилики, бидејќи преку нив ќе им се дава прилика за борба.
Сега сите, и млади, и стари, бараат олеснувања. Верниците гледаат како co што помалку труд да достигнат светост. Луѓето co светско настроение – како да стекнат што повеќе пари и тоа без работа.
Младите, како да ги положат испитите без учење; како да стекнат дипломи, не напуштајќи ги кафеаните. И ако е можно, телефонирајќи од кафеаните да ги добијат резултатите од испитите. Да, дотаму дојдовме! Многу од нив ми доаѓаат во ќелијата и ми велат:
– Помолете се да го положам испитот.
He учи, а ми вели: „Ќе ми помогне Бог”.
– Само ти учи – му велам – и моли се.
А тој на тоа ќе ми рече:
– Зошто, зар Бог не може да ми помогне?
Односно, Бог треба да ја благослови неговата мрзливост.
He може така. Ако учи, но не може да запамети, Бог ќе му помогне. Има млади кои не памтат или не сфаќаат најдобро, но се трудат. На таквите Бог ќе им помогне да станат генијалци.
За среќа, има и исклучоци; едно момче од Халкидики полагал приемен испит на три факултети и сите ги положил; на едниот факултет бил прв, на вториот втор, но повеќе сакал да ce вработи за да му олесни на својот татко кој работел во рудник.
Така не почнал да студира, туку веднаш се вработил. Оваа душа е лек за мене. За такви деца би умрел, би се претворил во земја. Меѓутоа, на повеќето млади влијаел духот на овој свет поради што страдаат /духовно/. Навикнале да се грижат само за себеси; воопшто не мислат за својот ближен, туку само за себеси. И што повеќе им помагаш, толку повеќе денгубат.
Ја набљудувам оваа денешна млитава младина. Едно осудуваат, за друго се безволни и нивните срца ниту можат да се уморат, ниту да остарат.
Да бидат монаси – немаат волја. Да се оженат – се плашат /од одговорност/. Така стројни момчиња доаѓаат и доаѓаат на Света Гора…
Говорат: „Ах, да бидеш и калуѓер е тешко; секој ден треба да стануваш среде ноќ! И тоа не е еден или два дена!…
Лутаат по светот. „Што да правам во ова друштво; co кого ќе си имам работа, ако се оженам? Mоpe, ce’ e без врска”, велат и повторно доаѓаат на Света Гора. Ќе поседат малку, па повторно: „Овде е тешко”.
Младите денес личат на нови мотори во кои е замрзнато моторното масло. Потребно е да се загрее моторното масло за да проработат моторите. Поинаку не оди. Неретко ми доаѓаат во ќелијата кутри момчиња и ме прашуваат:
– Што да правам, оче, како да го трошам времето, досадно ми е.
– Најди, бре дете, некоја работа.
– Имам пари – ми велат. – Што ќе ми е работа?
– Ама, апостол Павле вели: Кој не сака да работи, тој нека и не јаде /2 Сол. 3,10/Треба да работиш за да јадеш, без разлика што имаш пари.
Работата му помага на човекот да се одмрзне маслото во неговиот мотор. Работата е создавање. Носи радост, а ја брка напнатоста, досадата. Така, бре, момче: најди некоја работа што барем малку ти се допаѓа и почни. Пробај, па ќе видиш!
Гледаш, пак, некои млади се уморуваат, и co уморот се одмораат. Ми доаѓаат момчиња во ќелијата, седат и се уморуваат од седење.
Други co голема ревност ме прашуваат:
„Што можеме да направиме за тебе? Што да ти донесеме?” Никогаш и ништо не барам. Ноќе ги завршувам работите co помош на ламба на батерии; носам дрва, на зима горам две печки, средувам.
Многу посетители оставаат несредено: кал, водени чорапи. Им давам тенки чорапи што ми ги испраќаат луѓето, а своите ги расфрлаат наоколу. Им давам салфетки да ги стават во нив и да ги завиткаат, но и нив ги расфрлаат. Трипати побарав нешто во мојот живот.
На некое момче еднаш му реков: „Ми требаат две кутии кибрит од Кареја” – иако имав четири запалки, но така постапив за да го израдувам. Потрча радосен, се задиша за да ми ги донесе, но тој умор го одмори затоа што ја вкуси радоста од давањето.
А едно друго момче седеше и од седењето се умори. Сите бараат и сакаат да почувствуваат радост, но за да настапи радоста, човекот треба да се жртвува.
Радоста се раѓа од жртвата. Вистинската радост доаѓа од ревноста. Да се негува ревноста, тоа е вистинско славење! Човечка мака е саможивоста, себељубието; тоа е она што никого не промашува.
Двајца млади офицери дојдоа на Света Гора, па ми рекоа:
– Сакаме да бидеме монаси.
– А зошто сакате да бидете монаси? – ги прашав. – Од кога ве привлекува тоа?
– Отсега – ми рекоа. Ја посетивме Света Гора и мислиме да останеме тука зашто може да се случи да избие некоја војна!
– Море, како не ви е срам! – им реков. – „Може да избие некоја војна!” А како мислите да ја напуштите војската?
– Ќе најдеме некој изговор – рекоа.
Што ќе најдат? Или ќе се прават луди, или… во секој случај, нешто ќе измислат.
– Ако сакате да станете монаси, а така размислувате, уште од самиот почеток ќе бидете неуспешни – им реков.
Други, пак, иако уште од порано се подготвувале за женење, да основаат семејство, доаѓаат да ми кажат:
– Зошто да се женам? Зар да основам семејство и да раѓам деца во вакво тешко време?
– Добро – им велам – зар животот престанувал за време на гонењата? Зар не работеле, зар не се женеле? A тебе, можеби, да не ти досадило се’?
– Сакам да бидам калуѓер – вели.
– Ho тебе ти досадило се’! Баш ти би бил некој калуѓер од фајде!
Разбирате? Ако некоја девојка тргне по монашкиот пат само затоа што мисли:
„Зошто да останам во светот, да основам семејство, да раѓам деца, да имам главоболки, немир? Ќе појдам во манастир, таму само ќе слушам, нема да бидам за ништо одговорна и ако ми направат некоја забелешка, ќе ja наведнам главата.
Зошто да градам куќа? Таму ќе добијам ќелија, храна…”, треба да и’ биде јасно дека уште од самиот почеток ќе биде неуспешна. Тоа ви изгледа чудно? Верувајте, постојат и такви луѓе.
Знајте: еден напреден човек, во се’ ќе напредува. Еден трудољубив и грижлив семеен човек и во монаштвото би бил успешен, како што и трудољубивиот и грижлив монах би бил успешен и ако основал семејство.
Bo некој манастир имаше еден искушеник, кој не сакаше да се замонаши.
– Зошто, дете мое? – го прашав.
– Затоа што калуѓерската скуфија ме потсетува на шлем – ми одговори.
Го слушаш ли ова? He сакаше да стане калуѓер за да не носи скуфија. Го потсетува на шлем! Кога носел тој шлем? Прашање е дали го носел и неколку пати на некоја воена вежба. Што би било, ако бил во војна! Го потсетува на шлем! Слушни, те молам! Море, што воопшто бара тој во монаштвото? Кога некој така ќе почне, каков калуѓер може да стане од него? Можеш ли да ми кажеш?
Накрај, овој бедник некаде се замонашил и никогаш не носеше голема скуфија.
Еднаш дојдоа две момчиња co долги коси во мојата ќелија. Баш ме фати мерак да ги острижам, но тие се побунија; а бидејќи брзав само ги послужив. Таму имав една мачка.
– Може ли да ја земам? – ме праша еден од нив.
– Земи ја – му реков.
Одовде еден час пешачеа до Ивирон, а тој ја држеше мачката во прегратка, иако паѓаше дожд. Таму бараше да остане во гостоприемната соба заедно co мачката.
„He може”, му рекоа, и тој остана цела ноќ надвор на дождот. Да му речеа еден час да чува стража, ќе им речеше: „He, тоа не можам”, но да помине една ноќ надвор co мачката, тоа може.
Еден друг отиде во војска, па избега оттаму. После ми дојде во ќелијата и ми рече:
– Сакам да бидам монах.
– Прво исполни ја својата воена обврска! – му реков.
– Ho во војската не е како дома.
– Добро што ми го кажа тоа, момче; не знаев; сега тоа можам да им го кажам и на други!
Bo меѓувреме, неговите го бараа. По кратко време, рано наутро ете ти го него повторно. Беше Томина недела.
– Потребен ми си – ми рече.
– Што сакаш? – го прашав. – Каде беше на Литургија?
– Никаде – ми рече.
– Денес е Томина недела, по манастирите имаше бденија, а тебе никаде те нема? И уште сакаш да бидеш монах? Па, каде беше?
– Седев во хотелот. Таму беше мирно; во манастирите е навалица!
– И што планираш сега да правиш?
– Мислев да одам на Синај затоа што сакам суров живот.
– Почекај малку – му реков.
Влегов во ќелијата, зедов еден цуреки (мек леб од брашно, маргарин, млеко, шеќер и јајца, а кој во Грција главно се пидготвува за Велигден /кај нас познато како козинак или милиброд/) што го добив и му го дадов.
– Земи го овој мек цуреки да ти се најде во тој твој „суров живот” и оди!
Такви се младите денес. He знаат што сакаат. He трпат никаков притисок. Како после да се жртвуваат за ближниот?
Се сеќавам, кога бев во војска, а ќе се случеше некоја неправда, неретко можеше да слушнеш:
„Господине команданте, да одам јас наместо него; тој е оженет и има деца; да не му останат децата на улица”. Го молеа командантот да одат на првата борбена линија на фронтот на местото на некој друг!
Се радуваа на тоа да загинат тие за да не загине некој друг, чии деца тогаш би се нашле на улица! Кој ќе принесе сега таква жртва! Тоа е реткост!
Еднаш ни снема вода каде што бевме стационирани. Командантот виде на мапата дека во близина има вода. Но таму беа востаниците. Тогаш ни рече:
„Bo близина има вода, но /да се оди таму/ е многу опасно. Кој ќе оди да наполни некоја матарка? Но не смее да се запали ламба”. Уште не дорече, скокна еден:
„Еве јас ќе одам, господине команданте”, втор – „јас ќе одам”, па трети – „јас”! Односно, сите сакаа да одат! А ноќ е, нема светло и стравот е голем.
„Па, не може сите да одите”, рече командантот.
Сакам да кажам, никој не мислеше на себе. Никој не се повлече и не рече:
„Господине команданте, ме боли ногата” или „ме боли главата” или „уморен сум”. Сите сакавме да одиме, иако животите ни беа во опасност.
Денес владее дух на млитавост; никаде храброст, никаде пожртвуваност. Се’ е изменето co оваа денешна расипана логика. И гледаш, додека некогаш во војска одеа доброволци, денес земаат потврди дека се луди за да не го служат воениот рок. Гледаат било како да се снајдат, само да ја избегнат војската. A како беше некогаш?
Имавме еден капетан; имаше само дваесет и три години, но беше вистински јунак! Еднаш го повика татко му, офицер во пензија, и му рече дека ќе се погрижи да го преместат од првата линија во позадина.
А капетанот извика: „Срам те било, тато, зар од тебе да слушнам такво нешто? Само мрзливците седат таму”. Беше искрен, честит, xepоj поголем од сите; секогаш одеше пред сите. Неговиот шинел беше изрешетен од куршуми како сито, но, сепак, не загина. Кога го отслужи воениот рок, го зеде шинелот co себе за спомен.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец (Трета глава: Нова генерација)