Против лечењето кај бајачи – Свети Јован Златоуст
Великиот отец и учител на Црквата, светиот Јован Златоуст, многу зборувал против вражачите, бајачите и гатачите и ги предупредувал луѓето кај нив никако да не се лечат.
Неговите зборови и денес важат; денес можеби повеќе од било кога. Bo своите беседи „Против Јудеите”, во кои ги одвраќал христијаните од Антиохија да не одат во синагогите и да се молат co Јудеите, великиот отец им соопштувал поука и на оние кои се лечеле кај еврејските вражачи (како што денес нашиот народ оди кај оџите и бајачите по некакви амајлии и „заштитници”).
Луѓето на кои им беседел се оправдувале co тоа дека се болни и дека затоа одат кај „чудотворците”. Ним Златоустиот им одговарал дека болестите се Божја посета заради исправување на гревовите и тврдел дека за таквите постапки нема никакво оправдување.
Bo продолжение изложуваме дел од неговата беседа кој се однесува на лечењето кај бајачите:
„Слугите од своите господари и синовите од своите татковци трпат често дури и тогаш, кога овие неправедно ги казнуваат; а зарем ти не сакаш да претрпиш казна од Бога Кој е над сите (господари) и кој те сака повеќе од било кој татко, Кој се’ презема и прави не поради гнев, туку за твоја полза?
Напротив, штом ќе ти се случи било каква полесна болест, веднаш бегаш од Неговото Господство, иташ кај демоните и трчаш во синагогите? Можеш ли на крајот да добиеш простување?
Како ќе бидеш повторно во состојба да Го повикаш?
Може ли било кој друг, макар да ја има смелоста на Мојсеј, да измоли за тебе? Никој.
Зар не насетуваш што му говори Бог на Јеремија за Јудеите:
„Не се моли за тој народ, зашто, дури и Мојсеј и Самуил да застанат пред мене нема да ги услишам” (Јерем. 7, 16; 15, 1). Така што, постојат гревови кои се над секое простување и не можат да бидат простени.
Притоа Јудеите, иако привидно co своите вражења и ја прекинуваат треската (во телото) – во суштина тие не го прават тоа, – но затоа во совеста воведуваат друга, уште пострашна треска, поради тоа што секојдневно ќе ги ранува сопствената помисла, совеста ќе ги мачи, велејќи им:
„Си постапил безбожно, си извршил беззаконие, си ги нарушил заветот co Христа, поради една лесна болест си ја издал побожноста.
Зарем си ти единствениот што е болен? Зарем другите не претрпеле многу повеќе од тебе? Па сепак никој друг не се осмелил на такво дело, слично на твоето: а ти, слабак и разгален, си ја изгубил својата душа.
Како ќе My одговориш на Христа? Како во молитва ќе Го повикаш?
Co каква совест ќе влезеш во храмот? Co какви очи ќе го гледаш свештеникот? Како ќе се осмелиш co раката да ја допреш Светата Трпеза? Co кои уши ќе го слушаш Светото Писмо кое таму се чита?”
Еве што ќе ти зборува секој ден мачителната мисла и совест која тишти. Какво е тоа здравје кога во себе имаш толку обвинители?
Ho ако малку претрпиш, ако отфрлиш, co голем срам од својата куќа ги исфрлиш оние кои сакале да те наговорат на било какви вражења и сакале на телото да ти стават било каква амајлија, веднаш од совеста ќе добиеш роса од спокојство.
Треската нека те гори колку сака: душата ќе ти дава свежина подобра и поспасоносна од секоја роса, од секоја влага. Ha истиот начин на кој, ако примиш „лек” од бајач, ќе се чувствуваш полошо од оние кои боледуваат од треска и тоа поради помислата за гревот (кој си го сторил одејќи кај бајачот), па така сега, отфрлајќи ги сите безбожници, макар и да страдаш од треска и да трпиш многу неволји, ќе се почувствуваш подобро од било кој здрав, затоа што мислата ќе биде светла, душата весела и радосна, а совеста ќе те фали, одобрува и ќе ти говори:
„0длично, одлично, пријателу мој, другару Христов, верен мажу, подвижнику на побожноста, кој си подготвен попрво да умреш во маки, отколку да станеш предавник на доверената ти побожност; во денот на Судот ќе бидеш co мачениците”.
Тие биле подготвени да трпат бичување и маки за да задобијат чест (од Бога): а ти сега си се одлучил да трпиш удари и маки од треска и рани, само за да не се согласиш на безбожните баења и амајлии; и хранет co тие надежи (на вечните награди), ти нема да чувствуваш силни болки.
Aко оваа болест не те однесе, ќе те однесе, на крајот на краиштата, некоја друга: ако сега не умреме, ќе умреме подоцна.
Распадливо тело сме здобиле не заради тоа, кога тоа ќе не’ боли, да се согласиме на безбожност, туку заради тоа преку болестите да се зацврстиме во побожноста. Самата распадливост и смртност на телото ќе ни послужи само ако бидеме благоразумни, како основа на славата и во денот (на Судот) ќе ни даде голема смелост, и не само во тој ден, туку и во сегашниот живот. Бидејќи, кога ти ги изгонуваш бајачите од својата куќа посрамувајќи ги многу сите кои за тоа ќе чујат, ќе те пофалат, ќе се восхитат и ќе си речат еден на друг: тој и тој, во болест и немоќ, иако некои го умолувале, убедувале и наговарале да земе некои вражбини, не ги примил, туку рекол дека е подобро и да умре во таа состојба, отколку да изврши предавство на верата.
Потоа ќе следуваат многу восклици од слушателите кои сите ќе бидат восхитени, прославувајќи Го Бога. A од колкумина ќе биде тоа за тебе почествувано, од колку слики пославно, од каква чест попознато?
Сите тебе ќе те фалат, ќе те наречат блажен и co венец ќе те накитат; и самите тие ќе бидат подобри, ќе поревнуваат и ќе почнат да ја подражаваат твојата храброст. Ако и другите го сторат она што си го сторил ти, наградата ќе ја добиеш токму ти, бидејќи прв си почнал co тоа ревнување.
Меѓутоа, последица на твоето добро дело нема да биде само пофалбата, туку и најбрзото можно завршување на болеста, затоа што и самата твоја јуначка решителност ќе го поттикне и Бога на добра волја и сите светители заедно ќе се радуваат на твојата усрдност и од длабочината на срцето ќе се молат за тебе. Ако овде наградите се такви за таа храброст, подразмисли колку венци ќе добиеш таму, кога Христос, во присуство на сите архангели и ангели ќе дојде и земајќи те за рака ќе те изведе на средината на таа глетка и за да чујат сите, ќе каже:
„0ва е човекот когошто некогаш го измачуваше треска, кој, кога многу силно го убедуваа да се излечи од болеста, поради Моето име и страв (од Мене) да не ме навреди co било што, ги отфрли и презре оние кои му ветувале дека ќе го излечат (co бајачки средства) и одлучил дека подобро е да умре, отколку да ја издаде љубовта кон Мене”.
Всушност, ако Христос ги прославува оние кои го напоиле, облекле и нахраниле, уште повеќе ќе ги прослави оние кои заради Hero исто така одлучиле да ги претрпат маките од треската.
He e исто да се даде леб и облека и да се претрпи долготрајна болест; не, ова последново е многу потешко од првото. А колку е поголем напорот, толку поблескав ќе биде и венецот.
За тоа и самите ќе размислуваме, било да сме здрави или болни и co другите за тоа ќе разговараме; и кога ќе се најдеме, било кога, во тешка треска, еве што ќе речеме:
„А што би било ако некој би не’ обвинил, a потоа би не извеле на суд, а таму не’ фатат и почнат да не’ тепаат; зарем тогаш, иако неволно, нема да претрпиме се’ и тоа без било каква полза и награда?” така и сега ќе расудуваме; притоа ќе си ја претставуваме на себе и наградата за трпението, која може да ја ободри душата која западнала (во униние).
А што ако треската е силна? Спореди ја co пеколниот оган, кој сигурно ќе го избегнеш ако одлучиш таа болест трпеливо да ја поднесеш. Сети се колку страдале апостолите; сети се на праведниците кои секогаш биле во неволји. Сети се на блажениот Тимотеј -тој никогаш немал спокој од болестите, туку секогаш живеел во немоќи. Укажувајќи на тоа, Павле велел:
„Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања” (1. Тим. 5, 23).
Ако е таков праведникот и светителот, кој воскреснувал мртви, изгонувал демони и други лечел од безбројни болести, ако тој страдал толку тешко, какво извинување ќе имаш ти кој и заради краткотрајните болести се збунуваш и се бунтуваш?
Зарем не си слушал дека Писмото вели:
„Господ го кара оној когошто го љуби; и го казнува секој син што го прима?”
Колкумина од нив и колку пати сакале да добијат венец маченички? Еве, тоа (трпението во болеста) е вистински маченички венец! Маченик не станува само оној комушто (мачителот) заповеда да принесе жртва на паганските богови, a тој одлучи дека подобро е да умре, отколку да ја принесе таа жртва: не, очигледно е дека мачеништво е и тоа кога човекот општо заради Христа го пази она поради што може да си навлече смрт. /…/
Така и ти, ако се одречеш од магијата, маѓепсувањето и баењето и умреш од болеста, ќе бидеш совршен маченик затоа што, кога ти ветувале оздравување преку безбожност, ти си одлучил дека подобро е да умреш во побожност.
Тоа ние им го велиме на оние кои се фалат и велат дека демоните исцелуваат. А за да се увериш дека тоа е лага, слушни што вели Христос за ѓаволот:
„Тој е човекоубиец уште од почетокот” (Јован 8,44). Бог вели дека станува збор за„човекоубиец”, а ти иташ кај него како кај лекар?
Кажи ми, како ќе му одговориш на обвинението, дека на измамите од тие луѓе (бајачите) повеќе им веруваш отколку на зборот Христов? Ако Бог говори дека ѓаволот е човекоубиец, а тие луѓе, наспроти Божјата одлука, велат дека тој може да лечи болести и ти ги примиш нивните баења и бајачки лекарства, co таа постапка покажуваш дека ним повеќе им веруваш отколку на Христос, иако тоа не го кажуваш отворено.
A ако ѓаволот е човекоубиец, очигледно е дека и неговите слуги – демоните се такви. Тоа ти го покажувал Христос на дело: кога Он им допуштил да влезат во стадото свињи, тие целото стадо го потопиле во езерото (Лука 8,33) за ти да знаеш дека тие истото би го сториле и на луѓето и дека веднаш би ги погубиле, само ако Бог би им го допуштил тоа. Но, Он ги задржал и сопрел и не им дозволил да прават било што слично: тоа и тие го докажале кога добиле власт над свињите.
Бидејќи, ако тие не ги поштедиле свињите, уште помалку би не’ поштедиле нас. Затоа, возљубен, не лажи се по нивните измами, туку биди цврст во стравот Божји /…/
Всушност, каква полза е овде на земјата да се добие некое исцеление, а таму да се биде испратен во вечен оган? A (бајачите фалејќи се) да не укажуваат на своите исцеленија, послушај што вели Бог:
„Ако излезе пред тебе некој пророк, или толкувач на соништа и ти покаже знак или чудо и ако се оствари тој знак или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: ,да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш’, ти не го слушај гласот на таков пророк или на таков толкувач на соништа; бидејќи преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува за да дознае дали Го сакате Господа, вашиот Бог, co сето свое срце и co сета своја душа” (5. Мој. 1 3,1 -3).
Тоа значи: ако некој пророк рече: можам да воскреснам мртовец или да исцелам слеп, само послушајте ме и да им се поклониме на демоните или да им послужиме на идолите; потоа оној кој говори дури и да исцели слеп или да воскресне мртовец, не слушајте го ни по ова.
Зошто? Затоа што Бог, испитувајќи те, му допушта на овој тоа да го стори, не поради тоа што Он самиот не го знае расположението на твојата душа, туку поради тоа за да ти даде можност да докажеш дали Го љубиш Бога.
Ако Бог така некогаш им говорел на Евреите, тоа уште повеќе важи за нас, на кои ни ги отворил вратите на воскресението, на кои ни заповедал да не се врзуваме за сегашноста, туку секоја надеж своја да ја насочуваме кон идниот живот”.
Заклучок:
Поради просторните ограничувања не можеме да ги објасниме сите окултни феномени поединечно, но сепак, од сето досега изложено, повеќе од јасно треба да ни биде дека секој што се занимава co: баење, гатање, гледање, јасновидство/ пророкување, предвидување, астрологија, толкување на соништа, правење и растурање на црни и бели магии; оние кои колат курбани и се мачкаат co крв од животни „за здравје”, оние кои колат животно и ставаат крв и животински глави во темелите на куќата, – свесно или несвесно стануваат соработници на ѓаволот, си го внесуваат ѓаволот во своите домови и му дозволуваат пристап и мешање во нивните животи. Да се освестиме веке еднаш и да не грешиме повеќе.
За секој животен проблем, неволја, болест да се обратиме кај нашите свештеници, монаси и од нив да се научиме на побожен живот, co што ќе добиеме духовно прогледување и вистински критериуми за здрав и нopмaлeн пристап кон животот и за сето она што ни се случува и не’ опкружува.
„Барајте го најнапред Царството Божјо и се’ друго ќе ви се придодаде”, се вели во Евангелието.
Бог не’ повикал да бидеме светители, да растеме и напредуваме во духовниот живот, поткрепувани од Неговата благодат, да бидеме во заедница co Hero и да станеме наследници на ветеното ни од Hero Царство.
Светата Црква е чувар на вистинската вера и само во неа може да има вистински чуда, вистинско исцелување, вистински светители. Се’ што ни се случува во животот е по Божја промисла и допуштање и има длабока смисла и поука, која Бог сака да ја сфатиме во животот.
Затоа, секогаш кога имаме некоја мака, болест, проблем, да поитаме најпрво во црква, да се обратиме co молитва кон Бога, да Го молиме Бог да ни открие зошто ни се случува тоа, да размислиме и да го преиспитаме нашиот живот, дали живееме угодно на Бога или не; дали можеби Бог ни испратил некое искушение за да ја испита нашата вера или за да не’ укори или за да не’ вразуми, за да не станеме полоши.
Во Црквата Бог ни дал епископи, свештеници, монаси, вероучители кои единствено имаат право да проповедаат, да ни ја објаснуваат и пренесуваат верата. Само co нив смееме да се консултираме за сите проблеми од нашиот живот и нив да ги слушаме, a не некои си бајачи и гатачи.
Последиците од одењето кај бајачи се големи и како што вели поговорката,„подобро да се спречи, отколку да се лечи”. Да го послушаме гласот на Црквата и да не одиме никако кај нив, за да не биде предоцна.
Да ги отфрлиме од нашиот живот сите тие погоренаведени измамници, кои, како што вели народот, „ни продаваат магла наместо волна” и да се обратиме во Црквата кон Христос, нашиот Спасител и Бог и да Го бараме Hero, co Hero да зборуваме во молитва, Нему да My ги кажуваме нашите маки и страдања и од Hero да очекуваме помош, заштита и утеха, а Он е добар и милостив и не’ љуби нас како вистински чедољубив родител, па затоа и ќе не’ слушне и ќе ни помогне.
Наше е да внимаваме на своите дела, зборови и помисли, да ги насочуваме кон Бога, да се каеме за сторените гревови и да се поправаме и да ја изучуваме, практикуваме и чуваме нашата Света православна вера чиста и неизвалкана. Да се потрудиме да живееме угодно пред Бога и пред народот, да ја бараме и исполнуваме Божјата волја, a сето останато ќе го уреди Бог, како вистински, грижлив и љубовен наш Родител.
Преземено од книшката “ПРОТИВ БОГОБОРНОТО И ЦРКВОБОРНО БАЕЊЕ, ГАТАЊЕ, ЈАСНОВИДСТВО” на Повардарската епархија, 2012 година
Подготви Мина Даниловска