Покајанието – враќање во прегратки Божји
Нема грев што не може да биде простен, освен непокајанието и самоубиството. Наше е да се покаеме за сторените гревови, да се откажеме од нив и да не ги повторуваме, а Бог е милостив и човекољубив и ќе ни прости.
И овој грев, баењето и сите слични подвидови, како и гревот на оние кои одат кај таквите да бараат помош, може да биде простен, само доколку сторителите се покајат.
Секој грев не’ одвојува од Бога, но овој грев т.е. баењето не’ прави и противници Божји, богоборци и затоа се смета за еден од најголемите и најтешки гревови.
А оние, пак, кои се занимаваат co вакви дејности, тешко можат да се откажат од тоа, но и кога ќе се откажат, ќе имаат тешки и долготрајни последици од нивната соработка co демоните.
Во Новиот Завет е забележан настан кога маѓепсниците, поттикнати од апостолската проповед, се покајале:
„А мнозина од оние кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет илјади сребреници. Така моќно растеше и се засилуваше словото Господово” (Дела 19, 19).
Bo поново време и во Македонија имавме случај на обраќање на една позната јасновидка, која долги години се занимавала co такви окултни феномени, но ете, по Божја промисла, од позната јасновидка, денес станала позната проповедничка на Евангелието.
Се покајала за се’ што сторила, се откажала од тој стар живот и сега е дел од нашата Света Православна Црква како ревносна и посветена христијанка.
Во својата автобиографска книга „Од умот до срцето”, која е всушност нејзина јавна исповед, но и сведоштво за ужасот на окултните феномени, опишани се повеќе „чуда” и нивните страшни последици:
Прво „чудо”:
На еден брачен nap им бил украден автомобилот и јасновитката им кажала каде и во колку часот ќе го најдат. И навистина тие го нашле автомобилот на тоа место и време, но набрзо се покајале што воопшто го нашле автомобилот, затоа што нивниот син загинал во сообраќајна несреќа токму co тој автомобил, четири дена по наоѓањето.
Второ „чудо”:
Дошла некоја жена, чијшто сопруг живеел распуштен живот, ги малтретирал нејзе и децата, а имал и врска co некоја девојка. По сугестија од јасновитката таа го следела својот сопруг, го открила на дело дека ja изневерува и го напуштила од педагошки причини – co цел да го вразуми и да го натера да и’ се врати.
Но, за жал, тој ја напуштил засекогаш и се преженил, a жената разочарана и очајна се самоубила, оставајќи ги сами своите две деца!
Трето „чудо”:
Една девојка, која момчето ја изневерувало, по совет од јасновитката, му се налутила и тој навистина ја молел да му прости, пo што тие се смириле и подоцна и се венчале, како што им било предвидено. По неколку години, тој почнал да се дрогира, а таа, не можејќи да го поднесе тоа страдање, заедно co детето, си заминала од него.
Четврто„чудо”:
Еден млад човек, не можејќи да се ожени, отишол кај јасновитката за таа да му каже кога и за која ќе се ожени. A таа му предвидела дека во странство има некоја жена која многу го сака и дека тој нејзе треба да ја чека.
Но притоа, без да знае, всушност, ја предвидела љубовта која ја има неговата сестра кон него, а која живее во странство. И тој, несреќникот, се’ уште, иако веќе е над четириесет години, ја чека „девојката од странство” што му била „предвидена” за брак.
Петто „чудо”:
Една девојка, која отишла на советување кај јасновитката, била советувана дека постои некој дечко на буквата „М” што ќе и’ биде маж. И таа упорно ги избегнувала сите оние додворувачи, чиишто имиња почнувале на друга буква. Подоцна, јасновитката открила дека буквата „М” е всушност почетна буква од името Михајло – нејзиниот поранешен дечко.
А таа девојка веројатно се’ уште го чека избраникот на буквата „М”.
Вакви и слични „чуда” има многу, но и од овие е доволно јасно дека се’ што се случува во светот е по Божја промисла и допуштање, за наше добро и дека треба да се молиме кога имаме искушенија, но секогаш да бидеме подготвени за прифаќање на волјата Божја, како што впрочем и се молиме во молитвата „Отче наш”:
„Да биде волјата Твоја, a не да се трудиме по секоја цена, co помош на бајачите, да се мешаме во Божјата промисла.
Преземено од книшката “ПРОТИВ БОГОБОРНОТО И ЦРКВОБОРНО БАЕЊЕ, ГАТАЊЕ, ЈАСНОВИДСТВО” на Повардарската епархија, 2012 година