Кои луѓе може да претрпат демонско влијание преку разни магии?
Тoa ce најчесто луѓето кои се сметаат за православни христијани, кои се крстени во Светата Православна Црква, но не ја знаат и не ја живеат православната вера или луѓе во чии семејства имало традиција да се оди кај бајачи и гатачи или оние кај кои има многу гревови, односно, кои co својот грешен небогоугоден живот, му ја отвораат вратата на ѓаволот.
Во житијата на светителите има многу поучни примери за оваа тема, но тука ќе наведеме неколку симптоматични, кои ќе ни го дадат одговорот на ова прашање.
„Учениците на преподобниот Макариј Египетски, во една прилика, виделе некој човек како оди по патот водејќи co себе кобила. Одел no патот кој водел до ќелијата на нивниот старец.
Чувајќи го спокојот на светителот, монасите застанале пред вратата и се обиделе да го наговорат патникот да не ја нарушува молитвата на преподобниот.
Но, услишувајќи ги молбите на тој човек, наскоро му дозволиле да влезе во ќелијата. Патникот се израдувал и тргнал, но не сам, туку заедно co коњот.
Учениците на преподобниот Макариј се збуниле и го прашале зошто co себе ја носи и кобилата. Човекот им одговорил дека и животните имаат потреба од молитвите на праведниците.
Монасите се зачудиле на неговата љубов кон кобилата, бидејќи заради неа долго патувал по жешката и сурова пустина! Зошто му е толку мило тоа животинче и што му се случило?
Кобилата која ја гледате, – рекол човекот, – е мојата несреќна жена и не знам како се претворила во животно. Еве веќе три дена откако нема ништо јадено.
Овие зборови на патникот монасите не ги сметале за измислени. Без разлика на тоа што Христовото учење веќе триста години се проповедало низ земјата, во Египет се’ уште големо влијание имало незнабоштвото и таа древна колевка на магијата се’ уште била полна co разни маѓепсници кои им нанесувале штета на христијаните.
Затоа монасите, откако ја слушнале приказната на патникот, побрзале кај авва Макариј да му соопштат што се случило. Меѓутоа, кога го виделе преподобниот не морале ништо да му објаснуваат:
Бог на светителот му ja открил причината за тоа што се случило. А причината била следнава:
Некој развратен Египтјанин ја посакал жената на патникот и се обидел да ја заведе. Но, залудни биле сите негови обиди. Тогаш тој прибегнал кон услугите на некој маѓепсник, за да предизвика развратна страст во срцето на жената.
Добивајќи многу пари, маѓепсникот ги употребил сите свои магии за да ја соблазни христијанката, но целта не можел да ja постигне. Гневен поради неуспехот, сепак, направил магија: секој што ќе јa погледне жената, наместо жена да гледа кобила.
Нејзиниот несреќен маж побрзал да бара помош кај секој што го знаел, но никој не можел да му помогне, па дури ни локалните свештеници. Жената во очите на сите била налик на животно и никој не знаел како да и’ го врати нејзиниот лик.
Затоа, очајниот маж и ја донел кај големиот подвижник, слушајќи за чудата што ги правел. Здогледувајќи ja жената, свети Макариј на своите ученици им рекол:
– He гледам во неа ништо животинско за што говорите, тоа не е во нејзиното тело, туку во очите на оние кои ја гледаат. Тоа е демонска измама, не е вистинска состојба.
Потоа светителот осветил вода, ја измил co неа жената и се помолил. Магијата исчезнала и сите пред себе виделе жена наместо кобила. Преподобниот заповедал да и’ дадат да јаде и отпуштајќи ја дома и’ дал совет:
– Никогаш не го одложувај одењето во Црква и никогаш не избегнувај да се причестиш co ХристовитеТајни. Несреќата ти се случила затоа што повеќе од пет недели не си ги примила Пречистите Спасителни Тајни (Светата Причест).
Овој чудесен случај учениците на преподобниот Макариј го запамтиле за полза на христијаните, а свештеникот Руфин и епископот Паладиј Еленополски го запишале во својата книга за историјата на египетското монаштво.
Секако, откровението што го добил старецот од Бога достојно е да го знае секој христијанин. Цели пет недели без причест – и крстен човек може да се покаже незаштитен пред (магиите и нападите на демоните!
Некој од читателите може да запраша: многу современи христијани се причестуваат ретко, па дали се преправаат во коњи?
Можеби демоните ја изгубиле својата некогашна моќ? Светот се приближува кон својот крај: беззаконијата во него се умножуваат, а духовниот живот на човештвото се гаси.
И кога сега Господ би допуштил, слугите на ѓаволот не само што би ги претворале невнимателните христијани во коњи, туку би ги избришале од лицето на земјата.
Сепак, во световното царство на гревот и порокот Господ поради Својата неизмерна милост ги чува лекомислените луѓе од демонските напади, очекувајќи го нивното вразумување.
Но, колку подолго човекот не се причестува co Светите Тајни толку повеќе се оддалечува од спасоносниот Божји покров. И иако co него не се случуваат страшни и таинствени искушенија, тој нема да ги избегне обичните, но непријатни последици од своето невнимание.
Бидејќи и во минатото ретко се забележани случаи на претворање на луѓе во животни, но имало многу вообичаени несреќи.
Bo почетокот на IV век, кога преподобниот Макариј Египетски бил уште дете, во една источна римска провинција живеел свештеникот Епиктет. Поради чистотата на својот живот тој од Бога добил дар да прави чуда:
на слепите им го враќал видот, лечел лепрозни и истерувал нечисти духови од бесомачни. Еднаш кај него донеле петнаесетгодишно тешко болно девојче.
Нејзиниот татко, почитуван државен великодостојник, паднал пред нозете на светителот co молба:
– Човеку Божји, сожали се над мене и не ме отфрлај. Мојата единствена ќерка е болна веќе три години и не може да помрдне ниту еден дел од своето тело. Помоли се за нас, сожали се за нас, бидејќи и ние сме чеда на Црквата Христова и просветени сме co Свето Крштение.
Преподобниот Епиктет понесен од сострадалност кон несреќниот татко, усрдно се помолил на Бога за неговата ќерка. Потоа ја помазал болната co свет елеј и таа веднаш добила исцеление и самата застанала на нозе.
А на нејзиниот татко, кој ликувал од радост и му благодарел на Бога за чудото, свети Епиктет му рекол:
– Ако сакаш во твојот дом никој да не биде болен, тогаш ти и твоите домашни секоја недела да се причестувате co Божествените Тајни, Телото и Крвта на Нашиот Господ, откако претходно ќе го очистите своето срце како што треба (co покајничка исповед, пост и молитва).
Каков заклучок можеме да извлечеме од наведениве примери?
Светителите честото и редовно причестување го сметале како неопходен услов за нормален живот на христијаните. Co своите духовни очи праведниците виделе дека оддалечувањето од Светата Причест неодминливо ги привлекува врз човекот демонските напади, разните искушенија и телесните слабости.
Од наведениве примери се гледа дека, нашата оддалеченост од Бога, неодење во црква на Литургија, тоа што не постиме, не се молиме, не се исповедаме, не се причестуваме, тоа што имаме многу и непокајани гревови – сите овие нешта не прават подложни на демонско влијание.
Одењето кај бајачи и гатачи всушност уште повеќе ќе го зголеми демонското влијание во нашите животи и нема да ги реши трајно нашите маки и проблеми.
Bo житието на светиот Андреј, јуродивиот заради Христа, се раскажува следново:
„Блажениот свети Андреј, Јуродивиот заради Христа, го прашал демонот:
,0д каде знаеш ти да претскажеш нешто?’
Одговарајќи, демонот му рече:
,Нашиот татко е од оган и седејќи во пеколот и вражејќи, сите нас не’ поучува, бидејќи ние по својата природа не знаеме ама баш ништо’. Блажениот му рече:
‘Со кои гревови најмногу се насладува вашата природа?’
Демонот на тоа одговори: “Со идолослужење и маѓепсништво, баење и подготвување на отровни напитоци, а особено co убиства, злопамтење, содомија и прељуба.
Преподобниот рече:
,Ако некој се одрече од вашите страсти и co покајание My пристапи на Господа, како постапувате вие?’
На ова демонот му одговори: ,3арем ти не знаеш? Огорчени сме и се гневиме на него; сепак се надеваме дека повторно ќе се потчини на нашата волја. Многумина не’ отфрлиле преку покајанието, но повторно се вратиле и ние сме ги придобиле’.
Кога го слушна ова преподобниот, дувна на него и веќе не му се појави”.
Повеќе од јасно е дека нашиот грешен живот не’ прави достапни и подложни на демонското влијание.
Врз побожните луѓе и co кофи да им истураш магии, ништо нема да им наштети, бидејќи го имаат Христос во себе.
Преземено од брошурата “ПРОТИВ БОГОБОРНОТО И ЦРКВОБОРНО БАЕЊЕ, ГАТАЊЕ, ЈАСНОВИДСТВО” на Повардарската епархија, 2012 година