– Преподобен Нил Мироточив

Луѓето се луѓе: човекот секогаш греши затоа што е несовршен и во сè што и да се зафати, беззаконува; ниту во еден дел нема да остане без согрешување; и тогаш, ако човекот и погреши, нека го сфати своето согрешение, за да го исправи. Но, на кој начин да се стигне до исправуавње?

– Човек разумен, кој го сфаќа своето согрешување, Го познава и Оној Кој е кадар да го исправи. Но човек злобен, во кој духот е метежен, не ги сфаќа своите согрешенија и не Го знае Оној Кој би можел да ги исправи…

Тој во безумност и безчувствителсност самиот се оправдува, говореќи за својот духовник: „И тој е ист таков човек како и јас што сум“.

Благоразумниот човек нема вакво што било да изговори, туку ќе рече: „Се извалка облеката на моето срце, одам во бањата да ја предадам за повторно да се избели“.

Кога ќе тргне по таквиот пат, праведникот сретнува човек кој не е свесен за своите согрешенија и кој ќе го праша:

„Каде одиш?“

– Овој, одговарајќи, вели: „Во бањата, да се избели облеката моја“, што значи: помислите мои, затоа што ги извалкав и немам сили веќе да ги носам на себе.

А безбожникот се насмевнува и вели:

„Па и да се извалкани, зарем во бањата ќе ги очистиш? Подобро е така да ги носиш, отколку да одиш во бањата; затоа што денеска на перачите не смееш да им дадеш никаква облека да ја избелат, бидејќи тие станаа такви што не само што нема облеката да ти ја исперат, туку уште повеќе ќе ја извалкаат.“

А благоразумниот на тоа (ќе рече):

„Брате мој, колку пати и да сум ја предавал својата облека да се испере, ниту еднаш не ми беше вратена валкана: ја предавам превалкана, а ми се враќа пресветла; не знам што велиш и не разбирам како воопшто можеш така да ми одговараш, ти безчувствителен човеку, кој не сфаќаш што се случува со тебе; а што ме интересира мене какви се денес перачите? Важно е рувото мое да стане побело од снег…“

чуваат еден од друг. Оној трезвеноумниот оди во бањата, ја предава својата облека, перачите ја перат, тој повторно ја добива, ја облекува на себе и заминува задоволен, блескајќи и со душата и со телото!

А оној кој не верува дека тоа навистина ќе се случи во бањата, односно кој се сомнева во светата тајна исповед, секогаш оди валкан, колку и да се труди да изгледа уредно…

Ќе речеме: оној кој не се предаде себе и не го довери своето раководењето на духовникот, секогаш бива смутуван и мир во себе не наоѓа.

 

Преподобен Нил Мироточив

 

ИЗВОРMaran Ata
Претходна статијаГосподи, дај ми трпение , великодушност и кроткост…(молитва)
Следна статијаСвети Архангел Гаврил, моли го Бог за нас!