Постот не е нешто ново, туку богатство на Отците.

Сѐ што е старо, достојно е за почит.

Почитувај ја древноста на постот, со оглед дека е стар колку и човештвото. Постот е озаконет во рајот. Тој е првата заповед која ја добил Адам:

„Не јадете од дрвото за спознавање на доброто и злото“.

„Не јадете!“ претставува озаконување на постот и воздржанието.

Да се воздржеше Ева од плодот на спомнатото дрво, ние денес немаше да имаме потреба од постот, бидејќи „здравите немаат потреба од лекар, туку болните“.

Ние страдаме заради гревот. Да се исцелиме со покајанието. Меѓутоа, покајанието без постот не е целосно.

„Нека е проклета змијата… Трња и чички ќе ти пораснат“.

Заповедано ти е да поднесуваш страдања, а не да живееш во задоволства.

Со постот оправдај се пред Бога.

И самиот начин на живот во рајот имаше образ на пост, не само затоа што човекот беше сличен на ангелите, вподобувајќи им се во умереноста, туку и затоа што оние кои се хранеле во рајот, воопшто не размислувале за она што подоцна го измисли човечкиот разум:

Ниту за пиењето вино, ниту за жртувувањето животни, ни за сѐ она што го замаглува човечкиот ум.

Свети Василиј Велики

Претходна статијаВо молитва да дишеме!
Следна статијаЧовечката правда е ништожна во споредба со Божествената