Светата вера не’ учи дека ниту влакно од главата нема да ни пострада без Божјата волја, и птица нема да падне без неа.

Таа основа и вие можете да ја положите во своето срце, како и: што и да се случи со мене – се е по Божјо допуштение, или заради гревовите како казна (каде некаде сте виновни како човек),

или за испитување на верата,

и на крајот, за тоа преку скрб да не попаднеме во некакви престапи кои често ги вршиме, замаени од благосостојба, не внимавајки со совеста за самонабљудување; а напаѓачите кои се креваат против вас не се ништо друго, освен орудија, преку кои Бог дејствува.

….Тоа е секојдневието на воцрковените христијани, иако понекогаш може да не` зачудува што ние за поситни работи јадеме казна,додека на другите им е дозволено да прават престапи без да одговараат за тоа.

Така е заради милоста Божја кон нас, но и се бара од нас да се воспитаме во подобри луѓе, оти заради знаењето на Божјата Волја имаме поголема одговорност отколку другите, макар што незнаењето не ги оправдува што постапуваат несправедливо коn нас, но Бог е Тој Кој ќе суди.

(Преподобен Лав Оптински)`

Претходна статијаПОКАЈАНИЕ! (По нашата надворешност – ние сме смирени, а всушност сме жестоки и нечовечни…)
Следна статијаОштетен е оној, кој го направил таквото зло, а не оној, кој го претрпел…!