„Добриот послушник ќе донесе плодови на кротост. Зашто Старецот ќе го отсече неговото самоволие, ќе го прекори и ќе му направи забелешка, а кога ученикот е послушен, стекнува драгоцена кротост.

Со еден збор, добриот послушник ги стекнува сите добродетели, ако покаже беспоговорно послушание. Меѓутоа, ако приговара и се кара, ако е непослушен, горд и слично, сериозно ја повредува својата душа, бидејќи Го нажалува Бог Којшто се смири (се унижи) Самиот Себеси, а тој, овоземен и беден човек, се гордее!

Совршениот послушник нема да го задржуваат воздушните митарства. Тој не се плаши ни од смртта, ни од демоните, ни од Бог, туку напротив, Го љуби најтопло.

Вистинскиот послушник се плаши единствено од непослушноста кон својот Старец, којшто за него претставува видлив Христос.

Непослушноста кон Старецот веднаш ќе го избрка од рајот на благодатта на Светиот Дух, којашто во најголема мера ја насладува смирената и ангелоподобна душичка на послушникот.

Совршениот послушник во сè Му е подобен на Богочовекот Христос.

Кога ученикот му е, заради Христа, послушен на својот Старец, тој ги извршува сите заповеди Христови.

Совршеното послушание, без роптање и двоумење, би можело достојно да се спореди со сите разновидни подвизи во исполнувањето на Господовите заповеди….“

Старец Ефрем Филотејски

Претходна статијаКако и ние што (не) им простуваме…!
Следна статијаЗА ОСУДУВАЊЕТО – Св. Јован Кронштатски (Он е човек, и никој од луѓето не е безгрешен….)