ЧУДА
• He би требало туку така да се помине преку копнежот кој се среќава во современото христијанско општество – копнежот да се видат и дури да се прават чуда. Тој треба внимателно да се разгледа. Светите Отци го оспоруваат копнежот да се прават чуда: бидејќи тој ja покажува самоизмамата којa живее во душата и владее co неа, заснована на гордост и суета.
…Оние кои сакаат да прават чуда, тоа го сакаат според телесната распаленост, no наговор на страстите кои ги разбираат, иако можеби им се чини дека се раководат од ревноста за делото Божјо. Во таква состојба на самоизмама и возбудување се наоѓаат и оние кои сакаат да видат чуда.
• Страшна несреќа е отсуството на вистинско богопознание во човекот: тој делата на ѓаволот ги прима како дела Божји.
Спроти второто Христово доаѓање, кога христијанството, духовното знаење и расудување до крајност ќе пресушат меѓу луѓето, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци и ќе покажат знаци и чуда за да ги прелажат, ако е можно, избраните (Мат. 24, 24). Особено антихристот обилно ќе прави чуда за да ги поразува и задоволува co нив телесното мудрување и неукоста.
Тој ќе им даде чуда од небесата, кои ги бараат и исчекуваат. Неговото доаѓање – вели свети апостол Павле – ќе се случи по дејство на сатаната, co сила, знаци и лажни чуда. Незнаењето и телесното мудрување, кога ќе ги видат тие чуда, никако нема да запрат за да поразмислат: веднаш ќе ги прифатат заради сродноста на својот дух co нивниот – во својата заслепеност, дејството на сатаната ќе го признаат и исповедаат како најголема појава на силата Божја.
Антихристот ќе биде примен многу бргу и непромислено. Луѓето нема да сфатат дека неговите чуда немаат никаква добра разумна цел и никакво одредено значење, дека се туѓи на вистината и преисполнети co лаги, дека претставуваат чудовишна, сезлобна и бесмислена глума, која се обидува да ги восхити, да ги доведе во недоумица и самозаборав, да измами, да привлече co привид на раскошното, но празно и глупаво внимание кое го остава.
He e чудно што отстапниците од христијанството чудата на антихристот ќе ги примат без спротивставување и до воодушевување, бидејќи тие се непријатели на вистината, непријатели на Бога: стапувајќи навреме во општење co сатаната по дух, тие себеси се подготвиле за отворено и дејствено примање на пратеници и орудија на сатаната, неговото учење и сите негови дела.
Длабоко внимание и солзи заслужува тоа што чудата на антихристот и неговите дела ќе ги доведат во недоумица и самите Божји избраници. Причина на силното влијание на антихристот врз луѓето ќе се состои во неговата адска расипаност и лицемерие, co кои вешто ќе се прикрие најужасното зло во неговата нескротлива и бесрамна дрскост, co најобилно содејство на паднатите духови, и на крај, во способност на правење чуда, макар и лажни, но восхитувачки.
Човечката вообразба не е во состојба да си претстави таков злосторник, како што ќе биде антихристот; на човечкото срце, дури и на изопаченото, не му е својствено да поверува дека злото може да достигне таков степен, каков што ќе достигне во антихристот.
Тој ќе раструби за себе, како што тоа го правеле неговите претечи и праслики, ќе се нарече проповедник и обновител на вистинското богопознание; оние, кои не го сфаќаат христијанството, во него ќе видат претставник и поборник на вистинската религија и ќе му се придружат.
Тој ќе загрми, ќе се нарече себе ветен месија: воспитаниците на телесното мудрување ќе го дочекуваат co воскликнување; гледајќи ја неговата слава, моќ, генијални способности и развој, ќе го прогласат за Бог, ќе станат негови следбеници.
Антихристот ќе се покаже како кроток, милостив, исполнет co лукавство и доблести; ќе го признаат како таков и ќе му се покорат заради неговите возвишени добродетели, оние кои паднатата човечка правда ja сметаат за правда и не се откажале од неа заради правдата од Евангелието.
Антихристот на човечкиот род ќе му понуди воспоставување на најголема земна благосостојба, ќе понуди почести, богатства, раскош, телесни удобности и наслади; оние кои го бараат земното, ќе го прифатат антихристот и ќе го наречат свој владика.
Антихристот пред човековиот род, како заводливите театарски претстави ќе открие глетки на восхитувачки чуда, необјасниви за современата наука. Co прекрасноста на своите чуда, тој ќе предизвика страв, ќе ja задоволи неразумната љубопитност и грубото незнаење, ќе ја задоволи човечката суета и гордост, ќе го задоволи телесното мудрување, суеверие, ќе ја доведе во недоумица човековата ученост; сите луѓе кои се раководат од светлината на својата падната природа, кои се отуѓиле од раководењето од Божјата светлина, ќе бидат наведени на покорност на лукавиот (Отк. 13, .
Знаците на антихристот ќе се јавуваат првенствено во воздушниот простор: сатаната првенствено господари во таа област (Ефес. 2, 2; 6, 12). Знаците најмногу ќе дејствуваат на сетилото за вид, маѓепсувајќи го и измамувајќи го. Свети Јован Богослов созерцувајќи во откровението на настаните во светот, вели дека антихристот ќе прави големи дела, дека ќе прави и огнот од небото да слегнува на земјата пред луѓето.
На тој знак Светото Писмо укажува како на најголем знак на антихристот, а место на тој знак е воздухот: тоа ќе биде величествена и страшна глетка. Знаците на антихристот ќе ги дополни дејството на неговото лукаво однесување: ќе улови многу луѓе за да го следат.
Противниците на антихристот ќе бидат сметани за бунтовници, непријатели на општественото добро и поредок, ќе бидат подложени на тепање и казни. Лукавите духови, распрснати no вселената, ќе поттикнуваат кај луѓето, општо, најдобро мислење за антихристот, општо восхитување, неодолива привлечност кон него.
Светото Писмо многу пати ја претскажало сета тежина на последните гонења на христијанството и суровоста на гонителите. Како одлучувачка и одредувачка црта служи називот, кој Светото Писмо му го дава на тој ужасен човек: ѕвер (Отк. 13, 1), додека паднатиот ангел е наречен змеј (Отк. 12, 3). Двата назива точно го изразуваат карактерот на Божјите непријатели.
Едниот повеќе делува тајно, a другиот јавно; но ѕверот, кој е сличен на сите ѕверови и ja соединува во себе нивната разновидна суровост, змејот ja дава силата своја и престолот свој и голема власт (Отк. 13, 2).
Нивниот мал број ќе изгледа ништожно во споредба co целиот човечки род, што нивното мислење ќе го прави сосема неважно; нивната судбина ќе биде општ презир, омраза, клевета, прогони и насилна смрт.
Само co особена помош од Божјата благодат и под нејзино раководство, избраниците Божји ќе можат да им се спротивстават на Божјите непријатели, пред нив и пред луѓето да Го исповедаат Господа Исуса.
…Спроти второто Христово доаѓање ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите, и ужас од бучењето на морето и брановите (Лука 21, 25). Како тие знаци да се разликуваат од антихристовите, бидејќи и тој ќе даде знаци на сонцето, на месечината, на ѕвездите и во воздухот?
Првите знаци ќе бидат вистинити, co што во целост се разликуваат од антихристовите, бидејќи неговите се појави кои ги мамат сетилата. Знаците на антихристот ќе ги прават антихристот и неговите апостоли.
Знаците на сонцето, месечината и ѕвездите – весниците на доаѓањето Христово, се појавуваат сами од себе, без посредување. Небесните светила го исполнуваат своето назначување, co кои, според заповед на Создателот, заблескале на небото. Тие тоа назначување веќе го исполнувале: преку чудесната ѕвезда за време на Христовото раѓање или за време на распнувањето на Богочовекот, кога сонцето напладне се прекрило co темен покрив на мрак.
Свети евангелист Матеј вели дека, кога ќе помине страдањето кое го произвело владението на антихристот, веднаш ќе настапи Христовото доаѓање и дека, ќе почне оттаму што сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ja даде својата светлина и ѕвездите ќе паднат од небото.
Тие светила ќе останат на своите места, забележува Теофилакт Охридски, но ќе се помрачат во човековиот поглед, чинејќи се дека исчезнале од небесниот свод, заради обилноста на небесната светлина, co коja ке се осветли светот, подготвен да Го дочека Господа, во Неговата слава.
Учењето за чудата и знаците, кои овде ги изложивме, се осмелуваме да го наречеме учење на Светата Православна Црква, учење на нејзините Свети Отци. Суштинската потреба за точно, и no можност, детално изложување на тоа учење е очигледна.
Вистинските знаци го потпомагале вистинското Богопознание и спасението кое тоа го пружа; лажните знаци ги помагале заблудите и погибелта која тие ја донесуваат дејството на знаците, кои ќе ги врши антихристот, ќе биде особено широко и силно и ќе ги заведе несреќните луѓе, пратеникот на сатаната да го примат како Бог.
Од друга страна, благочестивото созерцување на чудата кои ги извршил нашиот Господ Исус Христос, е поучно, утешно и спасоносно за душата. Колку света едноставност во нив! Колку Богопознанието, co посредство на нив, станало лесно за сите луѓе! Каква благост во нив, какво смирение! Каква несовладлива сила на убедување!
Созерцувањето на чудата Христови, не’ воздигнува кон Словото, Кое е Бог… Знаците кои ја извршиле својата служба го оставиле боиштето на служење, препуштајќи го делувањето на суштинскиот Делатник – Словото, Кое е дејствено и ќе остане дејствено до крајот на светот, како што и самото објавило за Себе:
„Јас сум co вас преку сите дни до свршетокот на светот” (Мат. 28, 20).
Откако насекаде престанало извршувањето на чуда, co кои била следена сеидбата на христијанството преку проповедта на апостолите и равноапостолните мажи, чудата на одредени места почнале да ги извршуваат избраните садови на Светиот Дух.
Co текот на времето, co постепеното слабеење на христијанството и co опаѓањето на возвишениот христијански морал, имало се’ помалку такви луѓе. На крајот, тие сосема исчезнале, додека луѓето, губејќи го смирението, но сметајќи се себеси недостојни, не само да извршуваат чуда, туку и да ги видат – се жедни за чуда повеќе од било кога порано.
Ние постепено ce приближуваме до она време, кога треба да се открие широката бина на многубројните и восхитувачки лажни чуда, кои ќе ги одвлечат во пропаст оние несреќни воспитаници на телесното мудрување, кои ќе бидат заведени и измамени од тие чуда.
Оживувањето на душата co Словото Божјо предизвикува жива вера во Христа. Живата вера како да Го гледа Христа (Евр. 11, 27). Пред нејзините погледи христијанството, останувајќи тајна, станува откриено; останувајќи несфатливо, тоа станува јасно и
сфатливо, а не веќе скриено co онаа густа и непроѕирна завеса, co која е скриено од мртвата вера. Нему веќе не му се потребни чуда, бидејќи целосно е задоволно од чудата Христови и co најголемото од нив, круната на чудата, Словото Негово.
Желбата да се видат чуда служи како показател на неверување и знаците се дадени на неверувањето за да го обратат во вера. Да се приближиме до Словото Божјо co целата душа, да се соединиме co него во еден дух и чудата на антихристот веќе нема ниту да го привлекуваат нашето внимание.
Co презир ние ќе ги одвратиме од нив нашите погледи како од демонски бини, како од дела на избезумени Божји непријатели, како од потсмевање на Бог, од смртоносен отров и зараза. Да ја запамтиме следнава особено важна констатација, извлечена од искуство на подвижниците на дејственост.
Сите демонски појави ја имаат таа особина, што и најмалото внимание на нив е опасно; самото тоа внимание на нив, дозволено без никакво сочувствување co појавата, може да остави најштетно влијание и да донесе тешко искушение.
…Богопознанието, живата вера, благодатната смиреномудреност, чистата молитва – му припаѓаат на духовниот разум; тие се негови составни делови.
Напротив, непознавањето на Бог, неверувањето, заслепеноста на духот, гордоста и самоувереноста – се својствени на телесното мудрување.
He познавајќи Го Бог, не прифаќајќи ги и не разбирајќи ги средствата кои Бог ни ги нуди – за стекнување на Богопознание, тоа мудрување наоѓа сопствен, погрешен и за душата, погубен пат за достигнување на Богопознание, сходно на своето општо расположение: тоа бара чуда од небото.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов