…Светите Христови Тајни, бидејќи се Тело и Крв на Богочовекот, за телесните сетила го чуваат надворешниот изглед на леб и вино. Се гледаат леб и вино, мирисаат леб и вино, можат да се допрат леб и вино, се чувствува вкус на леб и вино.
Светите Тајни се покажуваат и појавуваат преку своето дејство. Така се покажувал и Бог, прикриен co човечката природа. Он се покажувал и сведочел co Своите дела… надворешноста – длабоко смирена, покриена co едноставност, далеку од својата отменост, без никакви ефекти – a дејството, натприродно, Божествено!
Co Божественото дејство се возвишува достоинството на чудесно смирената надворешност. Токму така! Бог неописливо се смирил преку Своето очовечување и Својот земен живот: сите Негови дела се неописливо смирени и неописливо чудесни и величествени во своето смирение.
Тоа се однесува и на Светите Тајни. Што може да биде посмирено и пообично пo својата надворешност, од таа храна која им се дава на обновените луѓе – од таа необична, чудесна и страшна храна, во која за јадење се дава Светиот Дух, во Koja за јадење се дава Богочовекот?
„Кој јаде од Моето тело – рекол Он – кој јаде од Мене…ќе живее преку Мене” (Јован 6, 56, 57).
„Оние кои се причестуваат co пресветото Тело и co пресветата Крв – рекол големиот отец (свети Јован Златоуст) – стојат co Ангелите и Архангелите и co вишите сили, облечени во царската Христова порфира, опашани co духовно оружје. Co ова се’ уште не сум кажал ништо големо: тие се облекуваат во самиот Цар”.
…Пијте од неа сите – заповеда Господ – зашто ова е Мојата крв на Новиот Завет{Мат. 26, 27-28).
Сите се повикуваат на примање на Крвта Христова!
Повикот се прави од истата причина од која била дадена забраната. Во Крвта Христова е неговата душа. За време на причестувањето co Светите Тајни јасно се чувствува допирот на душата Христова и душата на причесникот.
Без зборови, без поуки co зборови, душата во себе почнува да чувствува мир, кој и’ е туѓ на нејзината падната природа, кроткост, смирение, љубов кон сите, ладнокрвност кон распадливото и минливото, наклонетост кон идниот век. Овие чувства влегуваат во душата од Христовата душа, како што Он рекол:
„Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце и ќе најдете мир за душите ваши” (Мат. 11, 29).
„Научете се не од Ангели, не од човек, не од книга: научете се од Мене – вели свети Јован Лествичник, објаснувајќи ги зборовите на Спасителот – од тоа како Me усвоивте, од Моето блескање и дејство во вас, дека сум кроток и смирен по срце, и co помисли, и co начинот на размислување, па ќе најдете смирение од внатрешните борби и олеснување за вашата душа од немирот кој и’ го донесуваат помислите што доаѓаат од областа на паднатите духови”.
Такво е дејството на Светите Тајни: дејствувајќи на нас, тие воедно дејствуваат на нашите невидливи и неуморни непријатели, на демоните, оградувајќи го од нив својот сад – човекот, кој достојно ги прима во себе.
Храната, однадвор гледано материјална, коja ce зема co уста, дејствува против духовите, оковувајќи ги како co синџири! Трпезата на која, однадвор гледано, стојат лебот и виното, се бори co духовите и ги победува!
„Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои “(Псал. 22,5).
Паднатите духови ја знаат силата на Тајната Божја. Тие пред неа треперат и ja мразат, им завидуваат на оние што се причестуваат, завидуваат co онаа завист, на којa ce способни само демоните.
Често избезумено го напаѓаат оној што се подготвува за причест, ги расејуваат неговите мисли, наведуваат на неговото срце студенило и гнев, донесуваат тешки гревовни спомени и фантазии, се трудат да ja осквернат совеста, да го доведат христијанинот во недоумица, да му го попречат причестувањето; злите духови често и пo причестувањето вршат слични напади, пак co цел да доведат во недоумица и вознемиреност, да ја поколебаат верата, да посеат мисли дека co причестувањето co Светите Тајни нема никаква корист.
Оваа невидлива борба, која злите духови ја поттикнуваат против причесникот, служи како сведоштво за најголемата важност и корист од Светите Тајни. Скапоцено богатство, кое на човекот толку силно сакаат да му го одземат неговите непријатели?
Да се утврдиме во верата и јуначки да се спротивставиме на нашите непријатели. Да се потрудиме, подготвувајќи се за примање на Светите Тајни, да го зачуваме вниманието над себе; да се потрудиме и по примањето на Светите Тајни да го сочуваме тоа внимание над себе!
Да не се плашиме од душевната бура што ја предизвикува наидувањето на духовите! Да не дозволиме да не’ совладаат униние и збунетост. Дејството на Светите Тајни нема да изостане, туку во душата на трпеливиот подвижник ќе се појави како што сонцето се јавува на небото, кога ќе се исчисти од облаците.
Непријателите мои ги гледа окото мое – рекол свети Давид, кога поминал немирот, кој тие го предизвикале во неговата душа. Истото тоа ќе го исповеда за себе и причесникот co Светите Тајни, кога ќе се ослободи од налетот на духовите, кои дејството на Светите Тајни јасно ќе ги разобличи пред него.
Секој што ќе се присоедини co внимание и co побожност, co потребната подготовка, co вера, во себе чувствува промена, ако не веднаш пo причестувањето, тогаш по одредено време.
Прекрасен мир се спушта на умот и на срцето; деловите од телото се облекуваат во спокојство; на лицето почива печатот на благодатта, мислите и чувствата се сврзуваат co свештени, духовни врски, кои го скротуваат неразумното самоволие и лекомисленост, побожен и внимателен живот дејството на Светите Тајни станува појасно, поопипливо и пообилно.
Тоа дејство Светото Писмо го споредува co помазување на главата, т.е. умот, co духовен елеј, и co царска чаша, која силно ја опива душата co чувства кои потекнуваат од Светиот Дух, кои потекнуваат од Христа.
Co постојано внимателен и побожен живот, станува сфатлива донекаде, несфатливата милост Божја, која е покажана кон луѓето, уште повеќе што им е подарена небесна храна. И милоста Твоја така да го придружува кон спасение co својата натприродна сила оној, кој колку што е можно почесто и подостојно се причестува, преку сите денови од неговиот живот и ќе престојува во небесниот дом Господов многу дни (Псал. 22,6).
…Телото лишено од материјална храна мора да стане жртва на смртта. Духовниот леб – Телото Христово – го закрепнува срцето на човекот, го закрепнува неговото битие, му ja закрепнува волјата, умот, ги прави правилни желбите и впечатоците на душата и телото, природните особини на луѓето ги ослободува од болестите co кои тие се заразиле за време на падот, а кои се нарекуваат страсти, т.е страданија, болести.
Духовното пиење ja помага духовната храна. Тоа и’ го предава на душата квалитетот на особините Христови. Христос на Себе ги примил сите човечки особини, освен гревот: на особините на човечката душа Христова туѓи им се гревовните повреди, тие се непорочни; заради соединувањето co Божеството, тие се Божествени.
Co овие обожени особини се напојува душата на оној, кој ја пие Крвта Христова.
„Како што материјалното вино – рекол свети Марко – се раствора во сите делови на оној што го пие, и во него е виното и тој во виното, така и оној што ја пие Крвта Христова, се напојува co Духот на Божеството, се раствора во совршената душа Христова и таа душа во него, и осветувајќи се на тој начин, станува достојна за Господа”.
Оној што се оддалечува од причестувањето co Светите Тајни се отуѓува од Христа и е препуштен сам на себе, на својата природа поразена co вечната смрт. Вечната смрт во човекот, во неговиот ум и срце ја победува единствено Христос.
Он влегува како семоќен Бог, во тајните човекови ризници и таму co смртта ја победува смртта. Ако тоа не биде направено, вечната смрт ќе остане во човекот, ќе остане како почеток и залог за вечната погибел. He постои можност да ја избегне вечната погибел оној, кој во себе го има и го чува нејзиниот почеток и залог – вечната смрт.
…Достојно причестување co Светите Тајни е можно само co постојано благочестив живот или по одлучно покајание заради гревовниот живот и одлучно оставање на таквиот живот, што треба да биде посведочено и запечатено co принесување на покајание, според учењето на светата Црква.
Расеаниот и невнимателен живот, кој не е осветлен и раководен co Словото Божјо, туку се насочува според претставите на сопствениот разум, според склоностите на гревољубивите срце и тело, оставајќи му го на човекот само празното име христијанин, го лишува од потребното сфаќање на Светите Тајни, го лишува од соодветната подготовка спроти нивното примање, соодветното расположение и состојба за време на нивното примање и неопходното чување по примањето.
„Кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово” (1. Кор. 11, 29), не придавајќи му ја потребната вредност, не подготвувајќи го својот сад за примање на најголемото и најсвето богатство.
Најспасоносното богатство воедно е и најстрашно, според својата неискажлива светост. Судот Божји не би не’ казнил кога би воделе внимателен живот, според Христовите заповеди, грижливо исполнувајќи ги и грижливо лекувајќи го co покајание,она што сме пропуштиле да го исполниме.
„Оти, ако бевме се испитувале сами ceбe, тогаш немаше да бидеме осудени” (1. Кор. 11, 31).
Друго значење има недостојното причестување co Светите Тајни кога е во прашање доброволен или намерен гревовен живот, кога се во прашање смртните гревови, неверувањето и зловерието.
Оној што се причестува во таква состојба, прави престап кој навлекува казни, но сега веќе непоправливи, одлучни, кои донесуваат вечно мачење. Тој престап е еднаков co престапот што го направиле убијците на Богочовекот, опсипувајќи Го co шлаканици, плукајќи Го в лице, мачејќи го Неговото тело co силни удари, co клинци и распетие.
„Затоа – вели свети апостол Павле – оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде кон телото и крвта на Господа” (1. Кор. 11, 27).
„Страшно очекување на суд и јаростен оган, што ќе ги проголта противниците. Ако оној, што се одрекол од Мојсеевиот закон, пред двајца или тројца сведоци, безмилосно се накажува co смрт, тогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној, што го подгазил Синот Божји и ја сметал за нечиста крвта на заветот, преку која е осветен и Го похулил Духот на благодатта?” (Евр. 10, 27-29).
„Човекот да се испита самиот себе” (1. Кор. 11, 28), нека се преиспита пред да пристапи кон Светите Тајни, и ако е задлабочен во гревовна нечистотија, нека се тргне од страшната Причест, за да не ги круниса и запечати своите гревови co најтешкиот грев: потсмевање на Светите Тајни Христови, co потсмевање на Христа.
Пред храбро да појде на свадба на Синот Божји, нека се погрижи за облеката на својата душа: таа се пере и чисти од гревовните дамки, какви и да се, co неискажливата милост Господова, преку нашето покајание.
Преподобен Марко Подвижник го забележал следново:
„Помеѓу сеидбата и жетвата постои одреден временски период: затоа не веруваме на наградата”. На неверување од тој вид се подложуваат скоро сите оние, кои недостојно се причестуваат.
Пристапувајќи кон Тајните Христови од гревовна смрдеа или итајќи во гревовна смрдеа no примањето на Светите Тајни, тие, бидејќи казната над себе не ја гледаат во истиот момент, сметаат дека никогаш нема да има никаква казна. Погрешен заклучок!
На Евреите им била претскажана казната за богоубиството; но таа следувала дури
неколку децении откако го направиле најужасното злосторство. Неискажливото милосрдие и долготрпение Божјо се’ уште го чекало нивното покајание.
Казната се одложува и одложува, но таа задолжително ќе ги стигне непокаените, невнимателните и упорните грешници. Нејзиниот почеток најмногу го гледаме во ненадејната смрт или во смртта од болест, која ја одзема можноста за покајание, а казната се извршува во задгробниот живот.
„Не лажете се – вели апостолот – Бог не позволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее: кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот” (Гал. 6,7-8).
• Ако искушувачот се осмелил да пристапи кон Самиот Овоплотен Господ, тогаш не треба да се чудиме што ни пристапува и нам, па макар тоа да е откако ќе Го прифатиме Господа во својот сад.
Колку е поголемо богатството, толку повеќе крадци ќе се обидат да го украдат. По причестувањето co Светите Тајни, по срдечната молитва, пo секое дело, кое е особено корисно за душата, според искуствените поуки на отците, треба засилено да внимаваме на себе, бидејќи посебно тогаш ѓаволот co завист и злоба се распалува против нас, бидејќи гледа како земјата и пепелот се воздигнуваат кон небото, откаде што тој е отфрлен.
Духовниот рај, кој, според учењето на Спасителот е во нас, треба да се негува и да се чува, како што уште за време на создавањето, Бог преку Адам им заповедал на своите луѓе.
• Што се однесува до чувството што сте го имале пред и по причестувањето, ќе ви кажам:
себеси секогаш треба да се сметате за недостојни за Христа и да My пристапувате како на Лекар на нашите души и тела, заедно co лепрозните, слепите, демонизираните, бидејќи ние сме такви по душа.
Но, треба да се внимава смиреноста на срцето да не премине во безнадежност, која потекнува од надежта на себе, а не на Божјото милосрдие.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов