МОЛИТВА ЗА ТРПЕНИЕ ПРИ БОЛЕСТ – Старец Јосиф
„Моли се вака:
„ Те молам, Боже мој, да ме излекуваш, за да можам да Те благословам и да Те славам.
Но, ако Ти гледаш, дека нешто друго е полезно за моето спасение, нека биде волјата Твоја“
Себлагиот Бог, драго мое чедо, не прави ништо што нема да и биде од полза на твојата душа.
Било да допушти болест или искушение, тоа го прави поради нашата полза.
Ние тоа не го знаеме и поради тоа често негодиваме и правиме големо зло.
Тој, како последица на Својата голема љубов, се грижи само за ползата на нашите души.
Знае дека овде сме привремено и дека сето тоа брзо ќе помине, тие минути. Кога ќе се заврши ова наше прогонство и кога ќе ни се отоворат вистинските очи на душата, за се` ќе Му бидеме благодарни.
Меѓутоа, ако Тој предодредил нешто што ние не знаеме, имајќи предвид дека Тој, како Бог, поинаку гледа и суди од висините, тогаш нема да оздравиш.
И покрај тоа, ние нема да ја изгубиме својата награда: таа е постигната во Неговото Царство.
Според тоа, добро мое чедо, секогаш имај трпение.
Мене ми е познато дека Бог ти испратил искушенија поради твојата добрина, но и дека ќе ги одалечи од тебе, кога Самиот ќе го посака тоа.