ЗА МОЛИТВАТА

СКАЛИЛАТА НА МОЛИТВАТА

Молитвата е мајка и царица над сите добри дела. Но, како таа е мајка на сите добри дела? Бидејќи великиот апостол Павле вели: А сега остануваат овие три работи: верат, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта (1. Кор. 13,13).

Зар не вели така?

Значи, еве дека молитвата не е најголемо добро дело, според светите отци, туку љубовта. Но сепак, зошто светите отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела?

Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот не доаѓаат во нашата душа по друг пат, туку само по пат на молитвата!

Да ви кажам пример: ако некој си налутил или некој те налутил и почнеш да го спомнуваш во молитвата, одеднаш гледаш дека, пo некое време, исчезнува омразата помеѓу вас. Co молитвата се пресекува разделбата и веднаш го придобиваш другиот и го приведуваш на смирување.

Затоа Свети Максим вели:

“Кога ќе видиш дека некој те мрази или ти нанесува неправда, дали co право, или без право, започни да го спомнуваш во молитвата”.

Но да не го спомнуваш за да му се случи нешто лошо, бидејќи тогаш тоа ќе те снајде тебе.

Вака да кажеш: “Господи Исусе Христе, помилувај ме грешниот и братот мој (тој и тој), зашто поради моите гревови ми се налути, бидејќи мојот брат е огледало и тој ги гледа моите зла”.

Така вели и свети Јован Лествичник:

“Немој да го обвинуваш братот, кога се молиш за него или да бараш казна за него; како што некои ги ставаат во помениците како непријатели. Тоа не е дозволено!

Дури и ако некои ги означите како непријатели, дали знаете како се моли Црквата за нив? Црквата се моли за непријателите за да ги вразуми, да им ги прости гревовите, да ги приведе до познавање на вистината, да ги направи кротки и во добро да ги обрати.

Така се моли Црквата. Никогаш Црквата не посакува некому да му стори зло. Бидејќи Бог сака сите луѓе да се спасат (I Тим. 2,4)… А кога, пак, ние имаме кон некого некаква лутина, тогаш ни се чини дека и тој не’ мрази. Но Црквата така не прави!

Таа не прави разлика. Таа се моли еднакво за сите, сите да бидат добри.

Затоа кога ви говорев за светата молитва ви реков дека таа се нарекува мајка на сите добри дела, затоа што таа во нашата душа го доведува нашето најголемо добро дело: љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот.

Слушнете што вели божествениот отец Максим Исповедник, кој беше “врвот на теологијата” и “билансот на православната теологија” во VI век, во “Добротољубие” и во книгата насловена како “Амбигва”, една од своите книги co којa понекогаш го надминува во размислувањето и светиот Дионисиј Ареопагит, наречен и “Птицата небесна”:

“Сите добри дела му помагаат на човека да ја стекне љубовта кон Бога, но ниту едно како молитвата”. Бидејќи поради тоа и молитвата се нарекува мајка на добрите дела, како што преку неа се достигнува најголемото добро дело – љубовта.

Сите добри дела го приближуваат човека кон Бога, но молитвата ги соединува. Тоа е налик на кога би правел некоја врата од даски или некој креденец и гледаш дека деловите обработени co ренде си одговараат, но не се лепат се’ дури не ставиш лепак.  И кога ќе го ставиш лепилото, тогаш сите ке ги составиш како едно парче. Таква е и молитвата.

Молитвата не само што го приближува човека кон Бога, туку таа го соединува кон Бога и го чини да биде еден дух co Hero. Toa е она што го вели великиот апостол Павле: Оној, кој co блудница се соединува, станува едно тело co неа, кој се соединува co Господа, еден дух е co Него (I Кор. 6,17). Оваа духовна врска,односно човекот да се соедини co Бога, се остварува по пат на молитвата.

А кога ние слушаме за молитвата да не мислиме дека секоја наша молитва е молитва. Ако јас co јазикот изговарам молитва или co уста, a умот ми врти насекаде, тогаш самиот себеси се лажам кога се молам. Бидејќи за време на молитвата Бог не ги бара од нас само устата и јазикот, туку го бара и умот и срцето.

Молитвата која ние ја правиме co уста или јазик и таа е добра во некоја мерка, бидејќи и таа има основа во Светото Писмо. Кога ќе слушнете дека апостол Павле вели вака:

Принесете на Господа плод од своите усни (спореди co Ефес. 6, 18), тогаш тој ја покажува усната молитва, која ја изговараме; или кога ќе слушнете дека во Светото Писмо се вели:

Co гласот свој повикав кон Господа, co гласот свој My ce помолив на Господа (Псал. 141,1), тоа се однесува на молитвата на jaзикот и гласот. Кога ќе слушнете дека пророкот вели:

И Го величав co својот јазик, повторно се говори за усната молитва, или: Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде co Тебе (Псал. 101,1), исто така се говори за усната молитва. Или: Прими ја Боже, молитвата моја и не презира го моето молење (Псал. 54, 1), и тука повторно во Светото Писмо се зборува за усната молитва.

Ho, да знаете дека усната молитва, според учењето на божествениот отец Григориј Ниски, великиот мудрец и брат на великиот Василиј, е најоддалечената меѓа на молитвата, односно подобро да кажеме, за да разберете подобро, најдолното скалило на скалата на молитвата. Знаете дека кога се искачувате no скала, ја ставате ногата на првата пречка, но уште колку има да се искачувате!

Скалата, пак, на молитвата во своето искачување нема крај. Молитвата, во својот раст нема граници, затоа што преку неа се соединува co Бога. И како што Бог, бидејќи е неограничен во светоста co возвишеноста на Своите својства, нема крај во добрината и светоста, така и молитвата, во својот духовен раст се вознесува и и’ нема граници!

И не е само молитвата неограничена, туку и сите добродетели кои се раѓаат од Бога се неограничени, токму поради тоа што се раѓаат од безграничниот Бог. Верата, надежта, љубовта, милоста, сите се неограничени, бидејќи се раѓаат од Бога, Кој нема граници во добрината.

Значи, кога се молиме co усните, знајте дека добро правиме, бидејќи co тоа човекот почнува да се учи да се моли. Co устата најнапред почнуваме да ги учиме првите молитви: “Цару Небесен”, “Свети Боже”, “Оче наш”, “Верувам”, “50 псалм”.., и добро е да ги научиме наизуст од Молитвеникот, од Часословот и Псалтирот.

Ние молитвите ги читаме co устата, и така се учат молитвите, како да сме прво одделение. Човекот почнува од оваа усна молитва и се искачува во молитвата, се’ дури повеќе не ќе има молитва, се’ дури не влезе во Боговидение. Сега, пак, говорејќи за молитвата, ќе говориме за скалилата на молитвата, онака како што не’ учат светите отци.

Кога се молиме co јазик, уста и усни, тогаш сме на најниското скалило на молитвата. Треба да прејдеме co својата молитва од јазикот и устата на умот, затоа што нашата душа има два владеачки дела, како што ни покажува свети Јован Дамаскин во “Правилно изложување на православната вера”: умот и срцето.

Умот постојано раѓа мисли. Мозокот е орудие на разумот, a срцето е орудие на чувствата, на духовните чувства. Бидејќи, најнапред каде ја чувствуваш радоста, гадоста, стравот? Зар не во срцето? He гледаш ли дека чувствувањето на душата се наоѓа во срцето?

Значи, јас сакам едно да ви кажам. Кога се молиме co ycтата, се наоѓаме на почетокот на молитвата. Но, ако јас co устата ja изговарам молитвата “Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме грешниот” или “Оче наш” или “Богородице Дево” или некоја друга и ако ја поимам и co умот, тогаш таа повеќе не се нарекува усна молитва, туку преминува на второто скалило, имено во умната молитва.

Ако таа молитва, која ја кажувам co устата и поимам co умот, ja однесам до чувствувањето на срцето, да ја почувствувам и co срцето, тогаш таа станала молитва на срцето, а тоа е повисоко скалило.

Впрочем, слушнете што вели свети апостол Павле:

Bo црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, отколку илјадници зборови на непознат јазик (1. Kop. 14, 19).

Дали сте слушнале колку е повозвишена умната молитва од јазичната молитва?

Бидејќи апостолот повеќе сака во црквата да изговори пет збора co умот, отколку десет илјади зборови co јазикот; бидејќи да се молиме co умот, тоа е многу повозвишена молитва од јазичната молитва.

Дали умната молитва е совршена?

He! Ниту умната молитва не е совршена. Умната молитва божествените отци одвај ја нарекуваат половина молитва или птица co едно крило или молитва co една нога, бидејќи и умната молитва не е совршена. Потребно е уште нешто друго. Потребно е оваа молитва да ја пренесеме од поимањето на умот кон чувствувањето на срцето.

Кога молитвата ја изговараме co јазикот и поимуваме co умот и чувствуваме co срцето, таа станува потполн двигател на нашата душа. Таа молитва е многу  посовршена и се нарекува молитва на срцето.

Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа

 

Претходна статија„Колку гревови правиме, а и не ги знаеме!“ (Свети Нифонт, подвижник меѓу епископите)
Следна статијаБог не е крадец, Он не ги крши вратите на нашата душа!