Пресвета Богородица е Мајка на Бог, и оттаму Мајка на сѐ божествено,

сѐ свето, сѐ небесно, сѐ вечно,

сѐ богочовечко, сѐ најдобро, сѐ најубаво.

Од сѐ добро, Таа е најдобра; од сѐ свето, Таа е најсвета;

од сѐ чисто, Таа е најчиста; од сѐ прекрасно, Таа е најпрекрасна;

од сѐ добродетелно, Таа е најдобродетелна!

Во сиот род човечки, после Господ Христос, Таа е најсовршена

Богочовечка Седобродетел.

Без сомнеж, Таа е најсовршен образец на сѐ најдобро.

Неспорно, Пресветата Богомајка е најголема и најбогата Дародарителка на родот човечки.

Таа ни Го даде, ни Го роди Бог, како човек, како Богочовек.

И со Него: Вечната Вистина, Вечната Правда, Вечната Љубов, Вечната Добрина, Вечниот Живот.

И со тоа Таа го даде сето она што секогаш му е потребно на секое човечко битие: спасението, охристовувањето, обогочовечувањето, обожението, отроичувањето – сите свети тајни и сите свети добродетели.

А низ сето и во сето тоа најмилото чудо,

чудесниот и сечудесниот Бог Господ, Исус Христос Богочовекот.

 

Заради сето тоа, севистинита и боговдахновена е благовеста на светиот отец наш Григориј Палама:

Никој не доаѓа при Бог освен преку Пресвета Богородица и од Неа родениот Посредник, и ниту еден од Божјите дарови не им се дава ниту на ангелите ниту на луѓето, освен преку Неа…

Дева Мајка е неспоредливо поголема од сите и од сѐ…

Таа е основа на пророците, глава на апостолите, храброст на мачениците, темел на учителите, слава на сѐ земно, радост на сѐ небесно, украс на сета твар.

Таа е почеток и извор и корен на неискажливи добрини. Таа е врв и совршенство на сѐ свето.

Преку Богомајката „светителите ја примаат нивната светост“!

(Преподобен Јустин Ќелиски)

 

Претходна статијаШТО Е АКАТИСТ И КАКВА СЕ` ПОЛЗА ИМАМЕ ОД АКАТИСТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА Свештеник Јани Мулев
Следна статијаКОИ СМЕ? КАДЕ СМЕ? КАДЕ ОДИМЕ?