ЖИВОТОТ НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ДОМОТ Е ФАКТОРОТ ШТО СПАСУВА И ГРАДИ ДОБРИ ДЕЦА

Животот на родителите во домот е факторот што спасува и создава добри деца. Родителите треба да и се предаваат на Божјата љубов. Треба да стануваат свети co нивните кротост, трпение и љубов и тоа да им биде жив пример на децата.

Секој ден треба да поставуваат нов ред, ново расположение, ентузијазам и љубов кон децата. Радоста што ќе им дојде, светоста што ќе ги посети, ќе им ја пренесе благодатта на децата.

За лошото однесување на децата генерално се виновни родителите. Децата не ги спасуваат ни советите, ни дисциплината, ни строгоста. Ако родителите не се осветуваат, ако не се борат духовно, тогаш прават големи грешки и го пренесуваат злото што го имаат во себе.

Ако родителите не живеат свет живот, ако не зборуваат co љубов, тогаш ѓаволот ги измачува родителите co реакциите на децата. Љубовта, еднодушноста, доброто меѓусебно разбирање на родителите се најдоброто нешто за децата. Тоа е за нив голема сигурност и безбедност.

Однесувањето на децата има непосредна врска co coстојбата на родителите. Кога децата се повредуваат од лошото меѓусебно однесување на родителите, тогаш губат сили и волја за напредување. Се градат на лош начин, па градбата на нивната душа е во опасност секој момент да се урне. Ќе ви кажам два примери.

Дојдоа две девојчиња кај мене, а едното имало многу лоши доживувања, па ме прашуваа на што се должи тоа. Јас им реков:

– Тоа потекнува од дома, од вашите родители.

И како што ја „гледав” едната, и реков:

– Ти овие работи ги имаш наследено од мајка ти.

– Таа рече: Ho, нашите родители се толку совршени луѓе. Тие се христијани, се исповедаат, се причестуваат. Би можело да се каже дека живеевме во верата. Освен… доколку верата е виновна.

Јас им реков:

– He верувам во ништо од ова што ми кажувате. Јас само едно нешто гледам, a тоа е дека тие не ја живеат Христовата радост.

Bo врска co ова, другото девојче рече:

– Марија, слушни, добро вели попчето и има право. Да, нашите родители одат кај духовник, се исповедаат, се причестуваат…

Но дали некогаш сме имале мир дома? Татко ни секогаш се карал co мајка ни. Постојано или едниот не јаде или другиот не сака да одат заедно некаде. Значи, попчето има право.

– Како се вика татко ти?, прашав јас.

Таа ми кажа.

– Како се вика мајка ти?

Таа ми кажа.

– Ex, внатрешно, во себе, не си воопшто во добри односи co мајка ти.

Слушнете ме сега. Во моментот кога ми го кажаа името, jac го гледав таткото, ја гледав неговата душа. Во моментот кога ми го кажаа името на мајката, jac ja гледав, а гледав и како ќерката ja гледа мајка си.

Друг ден ме посетија мајка co едната нејзина ќерка.

Беше насекирана и многу плачеше. Се чувствуваше многу несреќна.

Ја прашав: „Што ти е?”

– Разочарана сум од поголемата ќерка, која си го избрка мажот од дома и не’ мамеше кажувајќи ни многу лаги.

-Какви лаги?

– Пред подолго време го избркала мажот од дома, a нам не ни кажа ништо. Ја прашавме по телефон: „Што прави Стелиос?” А таа ни одговараше:

„Добар е, моментално е излезен да купи весник”.

Секогаш наоѓаше некој повод за да не се посомневаме во ништо. Тоа потраја две години. Криеше од нас дека го има избркано. Пред некој ден дознавме од него, кога случајно го сретнавме.

Јас и’ реков:

– Ти си виновна. Ти и маж ти. А повеќе ти.

– Јас! Зарем јас која толку многу ги сакав моите деца, не излегував од кујна, немав личен живот, ги водев кон Бога и Црквата, ги советував на добро. Како сум јас виновна?

Се обратив кон другата ќерка, која беше присутна:

– Ти што велиш?

– Да, мамо, попчето има право. Ние никогаш не јадевме сладок леб поради кавгите што цел живот ги имавте co тато.

– Гледаш дека сум во право? Вие сте виновни, вие ги повредувате децата. He ce тие виновни, но ги трпат последиците.

Bo душата на децата се создава состојба предизвикана од родителите и остава траги кај нив за цел живот. Нивното однесување во понатамошниот живот и односот co другите се поврзани co доживувањата што ги носат од детска возраст.

Растат, се образуваат, но длабоко во себе не се менуваат. Тоа се гледа и во најмалите животни манифестации. На пример, ти се случува да си стрвен, сакаш да јадеш. Си зел нешто, си го изел, па гледаш нешто друго, го сакаш и тоа. Имаш чувство дека си гладен и ако не изедеш нешто те фаќа некој страв. Се плашиш да не ослабнеш.

Тоа е психолошка состојба, која си има објаснување. Може, да речеме, си немал татко, мајка, си бил лишен од многу работи и гладен, сиромашен и слаб. Таа духовна состојба се манифестира и како телесна слабост.

Голем дел од одговорноста за духовната состојба на човекот се наоѓа во семејството. За да се ослободат децата од различни внатрешни проблеми, не се доволни советите, принудувањата, логиката и заканите. Co тоа станува уште полошо.

Поправањето е изводливо само преку осветувањето на родителите.

Бидете свети и нема да имате ниту еден проблем co вашите деца. Светоста на родителите ги ослободува децата од проблемите. Децата сакаат околу себе свети луѓе, co многу љубов, коишто нема да ги заплашуваат, ниту ќе ги ограничуваат само на учењето, туку ќе им даваат жив пример и молитва.

Вие родителите молете се молкум и co рацете подигнати кон Христос и таинствено прегрнувајте ги децата. А кога се немирни, вие преземете некои педагошки мерки, но без да ги притискате. Главно треба да се молите.

Многупати родителите, а особено мајката, го рануваат детето поради нешто што направило и претерано го караат. Тогаш тоа се ранува. Дури и ако не го караш надворешно, во себе го караш или го погледнеш диво, сепак детето го сфаќа сето тоа. Мисли дека мајката не го љуби, па ја прашува:

– Мамо, ме љубиш ли?

– Да, дете мое.

Ho детето не може да се убеди. Повредено е. Мајката го љуби, ќе го погали подоцна, но тоа ќе ја тргне главата.

He го прифаќа галењето, го смета за лицемерие, зашто е повредено.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”

Претходна статијаВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ЗАПОЧНУВА ОД МОМЕНТОТ НА НИВНОТО ЗАЧНУВАЊЕ (Старец Порфириј)
Следна статијаПРЕТЕРАНА ЗАШТИТА – НЕЗРЕЛИ ДЕЦА (С. Порфириј)