…Затоа гледате дека овие упатства упатени овде се спасителни за сите, а оние циркуси таму се сосема непотребни.
Каква полза имате тогаш да постите со телото свое, а со очите да прељубодејствувате?
Не е ли вистина, дека прељубодејството се состои не само во телесно зближување, но и во бесрамни погледи?
Каква е ползата ако ти бидеш и тука и таму?
Јас учам, а оној заведува;
jас испраќам лекарство за болеста, а оној ги засилува причините на болеста;
jас го гасам пламенот на природата, а оној го распалува пламенот на похотта!
Кажи ми каква е ползата?
„Кога еден гради, а друг растура, што ќе добиат тие за себеси, освен умор?” (Сир. 34, 23).
И затоа, да не си го поминуваме времето и тука и таму, туку да го поминуваме на правилните места од полза и не напразно и не во осудување
. ,,Кога еден гради, а друг растура, што ќе добијат тие за себе, освен умор?” Ако дури и тие, што градат, се мнозина, а имаме само еден разорител, тогаш и мекоста на разрушувањето би триумфирала над множеството градители.
И навистина голем е срамот, кога не само младите, туку и старите брзаат кон слични занаети.
Макар и злото да се ограничи само на срамот, макар да и тоа за еден благороден човек не е малку, напротив, за благоразумниот е многу важна загубата – и немилост, и срам;
но не е срамот само во казната,
не, не се казнува затоа големо и страшно мачение.
Седнатите таму (т.е. во циркусот) сите по потреба паѓаат во гревот на прељубодејствие, не затоа што се доближиле до тие жени кои се наоѓале таму,
туку за тоа, затоа што ги гледале нив со бесрамни очи.
А бидејќи и тие неизбежно стануваат виновни за прељубодејствие, за доказ на тоа гледа раните, туку трофеите и победите, ќе се впушти во борба, како да се наоѓа на безопасно поле.
На тој начин и тешкото во природата како станува лесно? Сакате ли да дознаете како тешкото во природата станува лесно?
Слушнете го Павле, кој вели:
„Зошто нашите кратковремени лесни страдања ни донесуваат во големо изобилие полна вечна слава” (2 Кор. 4:17). Овие зборови се таинствени.
Ако е страдање, како може да биде лесно?
Ако пак е лесно, како може да е страдање? Едното со другото е неспоиво?
Но Павле ја разрешува мистеријата, кога ни jа покажува леснотијата на страдањата, со следователните зборови.
Какви се тие? „кога го имаме пред очи не видливото, туку невидливото” (2 Кор. 4, 18).
Предложува венец и го прави подвигот полесен; jа покажува наградата и ги ублажува напорите.
И ти, кога ќе видиш жена, убава на лице и во светла облека; кога ќе видиш дека похотта те потикнува и дека во душата ти бара подобна арена, претстави си го подготвениот за тебе венец на небото и одмини ja арената.
И ако децата од училиштето, врвејќи по учителот, не се обрнуваат, не гледаат настрана, не се плашат, и ти нема да доживееш нешто слично, штом пред себеси го гледаш мислено Христа.
,,Секој што ќе погледне жена со желба кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое”.
Со задоволство и многу често jaс ги повторувам зборовите на овој закон; ох, само ако можев да ви зборувам за тоа макар и цел ден или подобро не вам, но на паднатите во тој грев,
а впрочем и вам, зошто и вие ќе бидете побезбедни, а оние кои пак заболеле од оваа болест поскоро ќе оздрават.
Секој што ќе погледне жена со желба кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.
Пренесено од книгата ,,СЛАВА МУ НА БОГА ЗА СЀ” Избрани беседи, мисли и поуки од Св. Јован Златоуст