Пријателот е добар човек, со здрава душа, мисли исправно, ја сака добродетелта, има беспрекорен морал, верен е во љубовта, искрен на зборови, има постојана душа, искрен советник е, отворен е, вистинољубив и правдољубив.
Пријателот е слика и прилика на својот пријател и до крајност чувствителен го чувствува душевното расположение на својот пријател и страда со душевното страдање на својот пријател.
Уште пред пријателот да му се исповеда, тој го претекнува и ита во негова помош уште пред тој и да му побара помош и подготвено се предава и му помага ако е во опасност.
Пријателите на неговиот пријател се и негови пријатели. Го брани својот пријател и се подложува на опасност заради него. Во неговото тело обитава душата на пријателот.
Тој е добар советник, секогаш го зборува она што е најдобро и се труди за честа и името на својот пријател.
Светињите на пријателот се и негови светињи.
Вистинскиот пријател е моќна заштита и кој го нашол него, нашол ризница.
Пријателот е најголема среќа.
Добриот пријател е непроценлива вредност, подрагоцена од секакво богатство.
На неговата убавина нема рамна.
Пријателот и во несреќите и во радостите останува ист.
Вистинскиот пријател ги фали вредностите што се достојни за пофалба и отворено го куди она што е за кудење.