Изречена на Велики Четврток

Впрочем, веќе е време да пристапам кон таа страшна трпеза.

Ајде сите да пристапиме со познатото смирение и внимание; и немој никој да е Јуда, никој да не е зол,

никој да не тае во себеси отров, да не носи едно на устата, а друго на срцето.

И сега Христос претстои, Оној кој ја основал онаа трпеза, Тој ја уредува сега и оваа.

Човек не ги претвора даровите во тело и крв Христови, туку самиот распнат за нас Христос.

Претставувајќи ја неговата слика, свештеникот стои и изнесува зборови, а дејствува силата и благодатта Божја.

Тоа е Моето тело, кажа Toj. Тие зборови ги претвораат предложените дарови, и како изреченото: „плодете се и множете се, полнете jа земјата“ (Бит. 1, 28), иако е изречено еднаш, всушност преку цело време ѝ дава на нашата природа сила за детераѓање, така и ова кажание, изречено еднаш, и досега, и до Неговото второ доаѓање jа прави жртвата совршена на секоја трпеза во сите храмови.

И така, никој да не пристапува подмолно, никој да не се исполнува со злоба, никој во мислите да не крие отров, за да не се приклучи за осуда.

И ете, откако го примил веќе предложеното, во Јуда влегува демонот.

Демонот го презрел не телото Господово, туку Јуда заради неговата безсрамност, за да знаеме, дека врз оние, кои недостојно се причестуваат со божествените тајни, особено ги напаѓа и постојано влегува демонот, како тогаш во Јуда.

Така, почестите донесуваат полза, но на достојните, а недостојните се подложуваат на уште поголема казна.

Го зборувам ова, не за да заплашувам некого, туку да заштитам.

Никој да не биде како Јуда;

пристапувајќи секој треба да го исфрли од себе отровот на злобата.

Оваа жртва е духовна храна; како и телесната храна, кога ќе доіде во желудник, кој има лоши сокови, уште повеќе ја засилува слабоста не заради своето својство, туку заради болеста на желудникот.

Ова најчесто се случува и со духовните таинства.

И тие кога се соопштуваат на душа исполнета со злоба, повеќе ја повредуваат и погубуваат не поради своето својство, но поради болеста на душата.

И така, никој да нема внатре во себеси зли помисли, но сите да ги исчистиме своите умови;

ние пристапуваме кон чиста жртва – да jа направам својата душата света, а тоа можам да го направам и за еден ден.

Како и на каков начин?

Ако и ти имаш нешто против својот непријател, тогаш остави го гневот, исцели ја раната, прекини го непријателството, за да можеш да извлечеш корист од оваа трпеза, зошто ти пристапуваш кон страшна и света жртва.

Засрами се од тоа, кое служи за основање на самиот тој принос. Тука претстои закланиот Христос.

Зошто Тој е заклан? За да ги помири небесното и земното, за да те направи пријател на Ангелите, за да те смири со Бога и од непријател и противник да те направи пријател.

Тој си ја дава душата за оние кои Го мразат, а ти уште остануваш во непријателство против сличниот на тебе роб?

Како можеш ти да пристапиш кон трпезата на мирот? Тој не се откажал дури да умре за тебе, а на тебе не ти достасуваат сили да се победиш самиот себеси и да го оставиш гневот спрема сличниот на тебе?

Зар тоа може да се удостои со опростување?

Но, ќе кажеш, дека тој те навредил и дека земал од тебе многу нешта.

Па, што?

Загубата зарем не е само парична – дали те повредил тој, како Јуда што го повредил Христа?

Но ете каде Христос самата крв ја пролева и ја дава за спасение на оние, кои jа пролеваат.

Што можеш ти да најдеш еднакво со тоа?

Ако ти не му простиш на својот непријател, ти не му нанесуваш со тоа никаква штета, а си нанесуваш таква на себеси:

во тек на овој живот ти него често си го навредувал, а самиот себе си се сторил недостоен за прошка и не ќе можеш да дадеш одговор на судниот ден.

Од ништо такво не се гади Бог, како од злопамтив човек, како од срце надмено и душа раздразнителна.

Слушни што вели Toj:

„И така, ако принесува дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот свој“ (Мат. 5, 23 – 24).

Да, нека ти е познато дека заради мирот со твојот брат е принесена таа жртва.

Поради тоа, ако навистина таа жртва е принесена заради мир со твојот брат, а ти не склопиш мир, ти напразно се трудиш во таа жртва, тоа богатство за тебе станува бескорисно.

Направи го најпрво тоа, заради кое е принесена таа жртва, и тогаш ќе имаш прекрасна корист од неа.

Зошто слегол Синот Божји, за да ја помири нашата природа со Владиката; но не дошол Тој самиот само за тоа, туку уште и нас, кои го извршуваме тоа, да нѐ направи учесници во Негово име.

„Блажени се миротворците – рекол Toj, – зашто тие ќе се наречат синови Божји“ (Мат. 5, 9).

Она, што го сторил Единородниот Син Божји, истото направи го и ти, доколку ти дозволуваат човечките сили, и на тој начин ќе станеш творец на мирот и за самиот себеси, и за другите.

Поради тоа, тебе, миротворецот, и те нарекол син Божји; заради тоа и за време на жртвата Тој не спомнал за никаква друга заповед освен помирувањето со братот, како да сака да каже со тоа, дека нема ништо поважно од него.

Jаc сакав уште повеќе да го продолжам својот говор, но веќе кажаното е доволно за внимателните, ако истите го запомнат.

Така, возљубени, постојано ги помнам овие зборови и светите бакнежи, со страшните поздрави, кои ги праќаме едни кон други. Тоа ги соединува нашите души и го произведува тоа, што нѐ прави едно тело, исто како и што се причестуваме од едно тело.

Ајде, пак да се соединеме во едно тело, не како соединуванье со телата, туку да си ги врземе душите со сојуз на љубовта;

и на тој начин, ние можеме смело да вкусиме од предложената трпеза. Макар и да имаме безбројни добри дела, ако бидеме злопамтиви, сѐ ќе ни биде напразно и никаков плод нема да добиеме заради спасението, така и сега, осознавајќи го тоа, да го прекинеме секој гнев и откако ќе си

ја исчистиме совеста, со полно смирение и кроткост да пристапиме кон трпезата на Христа, со Кого на Отца и со Светиот Дух е секаква слава, чест и власт, сега, секогаш и во сите векови.

Амин.

Пренесено од книгата „СЛАВА МУ НА БОГА ЗА СЀ“ Избрани беседи, мисли и поуки од Св. Јован Златоуст

Претходна статијаАСКЕТСКИ НИХИЛИЗАМ – „Ништо“ води кон „сѐ“.
Следна статијаПразник на појасот на Пресвета Богородица