При образованието е многу штетно доколку го развиваме само умот и разумот, не обрнувајќи внимание на срцето.
На срцето треба да му се посвети поголемо внимание отколку на било што друго.
Срцето е живот, но живот расипан co гревот.
Мора да се исчисти тој извор на животот, во него мора да се запали пламенот на животот, така да гори и да не се гасне насочувајки ги сите човечки мисли, желби и стремежи, целиот негов живот.
Општеството е полно co грев токму поради недостаток на христијанско воспитување.
Време е христијаните да го разберат Бога,
да сфатат што Он од нас бара, бидејќи Он бара токму чисто срце: “Блажени се чистите no срце” (Мт. 5, .
Слушнете го Неговиот пресладок глас во Евангелието.
Вистинскиот живот на нашето срце е Христос (живее во мене Христос, Гал. 2, 2).
Научете се на целата мудрост на апостолите, тоа е наша заедничка задача:
co вера да го вселиме Христос во срцето.
Необразованоста, неразвивањето, неомекнувањето и непоправањето на срцето е илјади пати подостојно за прекор отколку необразованоста на умот.
Необразованиот е заостанат човек, достоен за попустливост и сожалување, додека оној образованиот но пак, препуштен на страстите и пороците, на злобата, на гордоста, безобзирноста, зависта, стомакоугодувањето, прејадувањето, пијанството, користољубието, блудот и други страсти, и покрај своето големо знаење, како и познавање на Божјата волја – е човек co бесчувствително срце, мртов за Бога, бидејќи правилата кои ги научил не ги применува на дело и не ја извршува Божјата волја,
туку ja нарушува co уште поголема бестрашност и дрскост, од оној необразованиот.
Кај необразованиот човек постои простота на срцето, кроткост, незлобивост, смирение, молчеливост и трпение, кое пред Бога е поскапоцено од сите наши сознанија, од целиот надворешен cjaj, од сите научени изрази, од сите извештачени учтивости, од сите долготрајни молитви, од сите високопарно смислени зборови; дури и самите гревови, ако се гревови од незнаење, може да се простат.
Како резултат на тоа, почитувај ja простодушната необразованост и учи се од неа на тоа што не го поседува привидно образованиот, т.е учи се на простодушност, незлобивост, трпение и друго.
Необразованите се деца во Христос, на кои Господ понекогаш им ги открива Своите тајни.
Пренесено од книгата “Како да достигнеме светост” од Св. Јован Кронштадски