He гледај на убавината на човечкото лице, туку гледај на човековата душа;
не гледај на неговата облека (телото е привремена облека), туку гледај кој се облекува во таа облека;
не гледај на уреденоста во домот,
туку гледај на неговиот жител, кој живее во тој дом и каков е тој,
бидејќи во спротивно ќе го натажиш ликот (образот) Божји во човекот, ќе го навредиш царот co тоа што ќе се поклониш на неговиот слуга, не покажувајќи му нему ни најмала чест која му доликува.
Исто така, не гледај на убавината на печатените букви во книгата, туку гледај на духот во книгата, бидејќи во спротивно ќе го понижиме духот, а ќе го возвишиме телото, бидејќи буквите се телото, а содржината на книгата нејзиниот дух.
He ce залажувај co мелодичниот звук на инструментот или на гласот, туку спрема впечатокот кој го остава на душата или спрема нивните зборови процени какви се;
ако тие звуци ти внесуваат во твојата душа тивки, целомудрени и свети чувства, тогаш слушај ги и co нив храни ja својата душа;
ако пак co нивно посредување во твојата душа се влеваат страсти, тогаш престани co слушање и отфрли го и телото и духот на таквата музика.
Пренесено од книгата “Како да достигнеме светост” од Св. Јован Кронштадски