• Преподобниот авва Доротеј, зборувајќи за љубовта кон ближниот, ги споредува Христовите подвижници co линиите кои одат од работ на кругот кон неговиот центар…

Колку се поблиску до центарот, поблиску се една до друга.

И Христовите подвижници, колку повеќе му се приближуваат на Бог, поблиску се еден до друг во вистинска љубов.

 

• Евангелието заповеда љубов кон непријателите:

светите отци ја фалат љубовта која кон сите е иста.

Зарем на љубовта кон ближниот не треба да ѝ биде туѓо секое правење на разлика?

Ете за што сега сакам да ви зборувам.

Би сакал за тој предмет да ви кажам не мој, туку Божји збор: милосрдниот Бог нека ми го подари тој збор.

 

Ја разбирам само онаа љубов која дејствува според свештените заповеди на Евангелието, во неговата светлина, љубовта која и самата е – светлина.

Друга љубов не знам и не признавам

Љубовта која го воздигнува светот, која луѓето ја сметаат за своја, запечатена e co падот и не е достојна да се нарече љубов:

таа е извитоперување на љубовта. Затоа толку непријателски е расположена кон светата и вистинска љубов.

Вистинската, света љубов кон Бог и ближните јасно е претставена во евангелските заповеди.

Нејзиното правилно и непорочно дејствување се покажува преку исполнувањето на евангелските заповеди.

Кој Me љуби Мене – рекол Господ – ги почитува Моите заповеди.

Bo таквата љубов не може да има ниту фантазии, ниту телесен жар, бидејќи почетниците ги извршуваат Христовите заповеди co присила над себе, co таква присила што се нарекува распетие, а оние кои напреднале и почувствувале осенетост co благодат, ги извршуваат co силно чувство на мир Христов.

Мирот Христов е некаква фина духовна ладовина; кога ќе се разлее по душата, таа е во возвишено молчење, во свештено мирување.

Ho, истото тоа Евангелие ни заповеда да бидеме внимателни co своите непријатели и да не им веруваме.

„Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци – им рекол Господ на Своите ученици – бидете мудри како змии и незлобни како гулаби. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите, и по синагогите нивни ќе ве бијат… И ќе бидете намразени од сите заради Моето име” (Мат. 10,16, 17, 22).

Значи, Евангелието препорачува внимателност во однос на непријателите, и пo можност, мудро однесување co нив.

Непријателството предизвикува дух на светот; тоа често доаѓа на местото на телесна љубов.

Но и телесната љубов е многу слична co непријателството.

Само потомокот на стариот Адам е способен за телесна љубов и непријателство; и колку во него е пожив стариот човек, толку посилно дејствуваат болестите co кои падот ја поразил љубовта:

непријателство, завист, љубомора, телесна љубов.

Слугата Христов не може да биде ничиј непријател.

Гледате Евангелието каква љубов ни пропишува кон непријателите – не слепа, не неразумна, туку осветена co духовно расудување.

Љубовта е светлина; слепата љубов не е љубов. Слично треба да се каже и за љубовта кон пријателите.

Евангелието заповеда тоа да биде љубов во Христа, за Христос да биде љубен во ближниот, a ближниот љубен како Божјо создание.

Поради таа љубов во Бога и заради Бога, светите Божји угодници имале еднаква љубов кон сите, а особено ги љубеле оние кои живееле благочестив живот, како што рекол пророкот Давид:

Многу ги почитував Твоите пријатели Господи.

Учениците чувствувале поголема наклонетост кон оние наставници, во кои гледале посебна обилност на духовното познание и други духовни дарови.

Наставниците повеќе ги љубеле оние свои духовни чеда, кај кои воочувале посебна грижа кон добродетелите и посебно дејствување на Божјата благодат.

Таквата љубов, Koja им оддава должна почит на луѓето според степенот на нивната побожност, воедно кон сите е еднаква, бидејќи е во Христа и во сите Го љуби Христа.

Еден сад прима повеќе од духовното богатство, а друг помалку. Ho, Богатството е – едно!

• Љубовта на христијанинот кон Бог е љубов кон Христа. (1. Jов. 2,23), а љубовта кон ближниот е љубов кон Христа во ближниот:

засакувајќи го ближниот, засакувајќи го во Господа, т.е. според Господовите заповеди, ние стекнуваме љубов кон Христа, а љубовта кон Христа е љубов кон Бог.

Сојузот на Божјата љубов co љубовта кон ближниот најдобро е претставен во посланијата на свети апостол и евангелист Јован Богослов.

Според неговото учење, невозможно е да се засака Бог, а претходно да не се засака братот.

Љубовта кон братот се состои во исполнување на Господовите заповеди во однос на него (2. Jов. 1,6).

Пренесено од книгата “Енциклопедија да православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаВладичице! Богородице Дево! Свети Јован Дамаскин на Успение…
Следна статијаЉУБОВ КОН НЕПРИЈАТЕЛИТЕ- како? (Св. Игнатиј Брјанчанинов)