3атоа Господ го отфрлил барањето како на ѓаволите така и на грешниците.

Но никогаш Тој не одбил да направи чудо кога тоа било целисходно и потребно за спасение на луѓето.

И денешното евангелие опишува едно такво целисходно и потребно чудо:

намножување на лебовите во пустината, но не во пустина без луѓе или пак во пустина каде што е само ѓаволот, туку во пустина каде што имало преку десет илјади гладни луѓе (оти се вели дека имало пет илјади луѓе, освен жените и децата).

 

„И кога излезе Исус, виде многу свет, и се смили над нив и ги излекува нивните болни” (Мат. 14, 14).

Тоа било во времето кога од царот Ирод бил погубен свети Јован Крстител.

Откако слушна за ова Господ Исус, седна во кораб и отиде насамо во пусто место.

Некои co повеќе поединости, некои co помалку, но сите четири евангелисти овој настан го опишуваат.

Според Јован, Господ во коработ влегол кај Тиверијада и го поминал Галилејското Море, а според Лука, Тој излегол на северозападниот брег на морето и одел преку брдото во пустина кај градот што се вика Витсаида.

Многупати Господ одел насамо, и тоа во пусти места и во планини.

Тој тоа го правел од повеќе причини: прво, да направи кратка пауза во своето бурно и многу видно дејствување за да ја
сфатат луѓето сета онаа наука што Тој им ја откривал и сите оние чуда што Тој им ги покажал.

Второ, за да им даде пример на апостолите и нам дека е неопходно нужно повлекувањето во самотија,

„во својата скришна coба” (Мат. 6, 6), и таму co својата душа да се остане единствено во друштво co Бога.

Оти самотијата и молкот го очистува човекот, го скротува, го разведрува и го јакне. И трето, да ни покаже дека добриот и потребниот човек не може никаде да се скрие

„He може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина.” (Мат. 5, 14) – за co тоа да го оправда и да го поттикне пустиножителството и монаштвото.

Илјада пати историјата на Црквата покажала дека никогаш ни еден голем пустиножител, молитвеник или чудотворец не можел да се скрие од народот.

Мнозина без причини се прашуваат:

што бара мокахот во пустината?

He e ли подобро да биде помеѓу народот, та да му користи на народот?

Но, како ќе засветли незапалената свеќа?

Монахот како незапалена свеќа ја носи својата душа во пустината, во самотија, co пост, молитва, co размислување и co труд да ја запали.

Ако успее да ја запали, неговата светлина ќе ја види сиот свет и светот ќе појде кон него и ќе го најде, макар да се криел во песочните пустини, во непроодните планини или во непристапните пештери.

He, монахот не е бесполезен, туку може да биде најполезен човек за народот од сите други луѓе.

 

Тоа го покажува и овој настан co Господ Исус. Залудно Тој бегал од народот во пустината. Многу народ врвел пo Hero.

 

A Toj погледна и се сожали, оти беа “како овци без пастир”.

Долу во градовите синагогите беа полни co самонаречени пастири, кои всушност беа волци во овчи кожи.

Народот тоа го знаел и го чувствувал, како што ги знаел и ги чувствувал неизмерната милост и љубов Христова кон него.

Народот видел и почувствувал дека Христос е единствениот добар пастир, кој искрено и од сѐ срце се грижи за него.

Затоа и јурнал кон Hero и во пустината.

И Господ ги излекува неговите болни.

Народот чувствува потреба од Христа и не бара од него чуда поради празни сензации, но поради голема потреба и мака.

„И почна да ги поучува многу”, вели светиот евангелист Марко.

“А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: овде е местово пустo, a и доцна е веќе, пушти го

народот да отиде по селата и да си купи храна”.

Евангелистот Матеј не кажува што работел Господ толку долго co народот.

Тој само вели дека ги излекувал нивните болни. Затоа евангелистот Марко ја дополнува оваа празнина кога вели:

„и почна да ги поучува многу”.

Погледнете, колку евангелистите убаво се надополнуваат!

Значи, Господ до самата ноќ го поучувал народот.

Тоа морало да трае повеќе саати.

А за сето тоа време вие можете да го прочитате целото евангелие.

Значи, само во таа пригода Господ искажал од својата божествена наука толку колку што може да содржи целото евангелие.

Тогаш не е ли во право евангелистот Јован кога вели дека, доколку сѐ тоа што го рекол и го направил Господ Исус Христос би било напишано, сите книги не би можеле да се соберат и во сиот свет?

Колку се милосрдни учениците!

„Овде е местово пусто, a и доцна е веќе”.

Народот е гладен и време е да се разотиде. Но нивните куќи се далеку, a тие се многу гладни.

Ете, тука се и многу жени и деца. Треба што поскоро да дојдат до храна. Нека одат во соседните села и нека си набават храна.

Ho зар Христос не е помилостив и посожалив од своите ученици?

Зар Тој не можел да се сети пред своите ученици дека народот е гладен и дека е веќе ноќ?

Секако дека е Христос помилостив и посожалив од своите ученици и дека Тој и пред нив знаел што му треба на народот.

Уштe во самиот почеток, како што пишува евангелистот Јован, „Исус, пак, кога ги подигна очите и кога виде дека кон Него иде многу народ, му рече на Филипа: „Од каде ќе купиме леб, за да јадат oвиe?“

Ho разговорот co Филип заврши и народот co своите болни се собрал околу Господа.

Најнапред Господ ги излекувал болните, па потоа продолжил да го поучува народот. И тоа траело до мракот.

И дури сега на апостолите им паѓа на ум дека народот е гладен и дека му е потребна храна.

Значи, Господ тоа уште од самиот почеток го предвидел, но за тоа намерно не сакал да зборува, туку чекал тоа прашање да го постават самите апостоли, и тоа од две причини:

прво, за да го зајакне нивното сожалување и милосрдие кон народот, и второ, за да се покаже нивната немоќ без Бога.

Оти Христос им рече:

„нема потреба да одат, дајте им вие да јадат”.

Тој знае дека тие не можат да им дадат, но Toј тоа го вели

за да ја сознаат и да ја исповедаат својата немоќ.

A тие му одговорија:

„ние имаме само пет лебови и две pиби”.

Според опишувањето на евангелистот Јован и таа малку храна не била нивна, туку на некое момче кое се нашло тука.

„Овде се наоѓа едно момче, кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души.

Тоа на Господа му го соопштува првоповиканиот апостол Андреј кој, иако бил најдолго co Христа, сѐ уште не бил совршен во верата, бидејќи прашува:

„што е тоа за толку души?”

Лебовите беа од јачмен, што исто така не е случајно. Од тоа треба да се поучиме, како што вели премудриот Златоуст, да бидеме задоволни co проста храна и да не пребираме, оти, како што вели, „сластољубието е мајка на сите болести и страдања”.

,Донесете ми ги тука”, им нареди Господ на учениците.

Дури сега е редот на него.

Народот е немоќен да си најде храна. Исто така и апостолите ја исповедаа својата немоќ да му помогнат на народот.

Дури сега доаѓа Неговото време, сега е веќе созреана работата за чудото.

“И како му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде лебовите на учениците, a учениците – на народот”.

Зошто Господ Исус првин погледна во небото?

Тој тоа не го правеше дури и при толку моќните чуда како што беа:

прогледувањето на слепиот, очистувањето на наказаните, изгонувањето на злите духови од луѓето, скротувањето на морето и ветровите, па дури и при некои воскреснувања од мртвите.

Зошто тогаш само во овој случај погледна кон небото – кон Својот Отец Небесен?

Прво затоа, пред толку голем број на народот, да го покаже единството на волјата негова co волјата на Отецот и co тоа да ги побие тврдењата на фарисеите дека Тој сите чуда ги прави co помош на демонската сила.

Второ затоа, како човек да му даде на светот пример на смирение пред Бога и на благодарност за сите добрини кои доаѓаат од Бога.

Сличен пример Тој ни дал и на Тајната вечера – откако го благослови, го прекрши лебот (Мат. 26, 26; Лука 22, 19), му заблагодари на својот Отец небесен, а лебот го благослови како дар Божји. Така и ние би требало при секое јадење, колку и да е тоа скромно, да му оддаваме
благодарност на Бога за него и да го благословуваме неговиот дар.

Трето, за Тој како Бог, при намножувањето на лебовите кое е сосема слично на новото создавање, co тоа да го изрази единството и моќта на Светото Тројство, кое само како такво создава.

Отецот, Синот и Светиот Дух, еднобитната и неразделната Троица е Создателот на сѐ што постои.

Самиот Господ Исус Христос co свои раце го прекрши лебот.

Зошто?

Зошто не им наредил на учениците, па тие тоа да го направат?

За да ја покаже својата добра волја да го нагости народот и својата преголема љубов кон луѓето.

И co тоа нас да нѐ поучи, кога правиме милостиња и даваме подароци, да даваме co внимание и co љубов, како што правел и Тој.

Преземено од книгата “Омилии”
Недела осма по Духовден

Претходна статијаСвети Клименте, моли го Бог за нас…
Следна статијаДојдете да го празнуваме чесното успение на света Ана!