5. Има многумина кои, и покрај тоа што благодатта е со нив, без да забележат се измамени од гревот.

Како што во некоја куќа живее некоја млада жена, а исто така и некој млад маж, па жената, прелажена од мажот, најпосле се согласи со него – прави прељуба и го губи својот углед, така и страшната змија на гревот секогаш е со душата, ја соблазнува и ја убедува, и ако таа се согласи, бесплотната душа влегува во општење со бесплотната злоба на тој дух, односно духот општи со дух, па тој што ќе се согласи и ќе го прими предлогот на лукавиот, прави прељуба во своето срце.

Според тоа, ова е мерката на твојот подвиг: да не го правиш овој престап во мислите, туку да пружаш отпор со умот и однатре да се спротивставуваш,

да се бориш со гревовната помисла и да не се согласуваш, да не се насладуваш со неа.

И ако Господ ја затекне оваа готовност во тебе, во последниот ден ќе те земе кај Него во Неговото Царство.

 

6. Господ така устројува некои работи за да не ја остави непосведочена Својата божествена благодат и Својот повик; а некои други работи ги устројува, по допуштање, за човекот да биде испитан и да може да се извежба, за да се пројави неговата слободна волја. 

Ако издржат тие што се во маки и искушенија, не се лишуваат од Царството Небесно.

 

Затоа, кога христијаните се во некоја мака, тие не тажат и не се јадосуваат.

Ако се испитуваат со сиромаштија или страдање, тие не треба да бидат изненадени, туку да ѝ се радуваат на сиромаштијата и да ја сметаат за богатство, а постот за празник, бесчестието и срамот – за слава.

И обратно, ако се сретнат со нешто што во овој живот се смета за славно и тоа ги привлекува кон плотско успокојување, или кон богатство, или кон слава, или кон раскош, тие не треба да се насладуваат со такви работи, туку да бегаат од ова како од оган.

Свети Макариј Велики

Претходна статијаДедо Наум – Преподобен отец Наум, моли Го Бог за нас!
Следна статијаНедела четврта по Педесетница – „Ке дојдам и ќе го излекувам”!