Од придавање важност на себеси доаѓа умисленоста, а заради умисленоста одстапува благодатта:
зашто му е омразен на Господа секој кој е со гордо срце.
Од вообразеноста произлегуваат две работи: фалбаџиство и осудување на другите.
Тоа е злобна тројка (три впегнати коњи), која ита во пропаст.
Тие диви коњи треба да се спрегнат и скротат. Така ќе се оствари она: потивко одиш, подалеку стигнуваш.
… Не треба премногу да се занимаваш со себеси. Светите Отци велат:
„Не мери се себеси“… Најдобра мерка за себеси е:
“Нема ништо“…
Господи, дај ми да направам добар почеток!..
Господи, Кој со сите управуваш, спаси ме!
Изгонувајте ја секоја мисла за мерење на себеси, и заборавајќи што било – како воопшто да не ни било – и одете напред.
Зашто ѓаволот наведува на тоа да се мериме себеси, за да би пробудил умисленост и потполно би ја упропастил работата. Секогаш говорете си себеси:
„Ништо нема, нема што да се мери“.
Придавањето на вредност на себеси и губењето на благодатта секогаш се нераздвојни.
Господ ги одвраќа Своите очи од оној кој се вообразил…
А по отстапувањето на благодатта не следи секогаш пад.
Следи само оладување, лоши движења и неотпорност против страстите, не во смисла на пад во страсни дела, туку во смисла на поматеност на срцето: на пример, некој ќе каже непријатен збор… и срцето ќе се распламти со гнев…