Tропари мртвени:

Припев: Благословен си Господи, научи ме на Твоите заповеди.


Соборот на светите го најде изворот на животот и рајската врата:

да го најдам и јас патот со покајание.

Јас сум загубената овца, повикај ме Спасителу, и спаси ме.


Припев:

Благословен си Господи, научи ме на Твоите заповеди.


Свети маченици, кои Го проповедавте Јагнето Божјо, и бевте заклани како јагниња, и кои во вечниот живот се преселивте, Него молете Го да ни даде прошка на гревовите наши.


Припев:

Благословен си Господи, научи ме на Твоите заповеди.


Сите вие кои одевте по тесен и тегобен пат, кои во животот го зедовте Крстот како јарем и со вера по Мене одевте, насладете се со почестите што ви ги приготвив и со венците небесни.


Припев:

Благословен си Господи, научи ме на Твоите заповеди.


Образ сум на Твојата неискажлива слава, иако ги носам раните на гревовите:

смилувај се на Твоето создание, Владико, и очисти ме со Твојата добрина, и посакуваната татковина дај ми ја, правејќи ме повторно жител на рајот.


Припев:

Благословен си Господи, научи ме на Твоите заповеди.


Ти, Кој одамна од ништо ме создаде, и ме почести со Твојот божествен образ, Кој поради прекршување на заповедта пак ме врати во земјата, од која бев земен, врати ме сега кон Твоето подобие и обнови ја мојата првобитна убавина.


Припев:

Благословен си Господи, научи ме на Твоите заповеди.


Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила:

починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија.


Слава:

Тројната светлина на едното Божество благочесно ја пееме, викајќи:

Свет си Отче беспочетен, собеспочетен Сине, Божествен Душе:

просветли нѐ нас кои со вера Ти служиме, и од вечниот оган ослободи нѐ.


И сега:

Радувај се, Чиста, кој Го роди Бога по тело за спасение на сите, со која родот човечки најде спасение: со тебе да го најдеме рајот, Богородице чиста, благословена.


Алилуја, алилуја, алилуја, слава Ти Боже. (трипати)

 

Претходна статијаСпасоносниот плач на душата (Дедо Наум)
Следна статијаНЕДЕЛА ДВАЕСЕТ И ВТОРА – Луѓе, a чија сопственост сте вие?!