МИТРОПОЛИТ ВЕНЈАМИН
Кога владиката,
свештеномаченик, кого го стрелаа, служеше Литургија, слезе оган во Чашата.
Го видовме тоа, co што ни беше покажано дека тој не е обичен митрополит.
Голем сноп од оган се вртеше над Чашата и потоа се симна во неа!
Благодат! Да!
Но не го видоа тоа сите.
На некои не им беше откриено, затоа што според нивниот живот тоа не им се случува.
Некому му се отвораат посебни очи, а некому остануваат човечки очи, такви како кај нас.
И свештенослужителите, – архимандрити и игумени – не го видоа тоа, само слушнаа шум и помислија дека тоа е од провевот во олтарот. А всушност, никаков провев немаше.
Еднаш непосредно пред денот на мојот потстриг, Венјамин се возеше од лаврата во кочија – тогаш немаше коли и такси
. А јас одев од Казанската соборна црква пешки, од московската железничка станица во лаврата.
И гледам: на неговите гради наместо брилијантен крст-црвен крст.
– Зошто, отче, црвен?
– Маченик. Пред стрелањето.
Ha денот на апсењето колку бргу се движеше по тие патишта во лаврата.
И во месец август имаше црвена пасхална бројаница. Мислам: не, тука нешто не е во ред! Така и беше.
Тој имаше исклучителна навика да ги чита благодарствените молитви по три-четири пати.
Не ja употребуваше причеста додека не прочита сѐ, а оној што ја држеше книгата не можеше да сфати зошто владиката чита и чита и повторно чита.
Владиката Венјамин многу ги сакаше акатистите, но многу се бавеше и co Исусовата молитва.
Тој никогаш не го започнуваше денот без Литургија, никогаш.
Во шест часот наутро тој веќе беше на своето место за Литургија.
– А во колку cи легнуваше?
– Навечер. Бидејќи имаше многу работа, требаше да се моли.
Затоа, пак, ја знаеше сета тајна на работата, на успешна работа: да раководи co паствата – да се моли и посебно да се моли на Мајката Божја навечер.
Затоа кај него во неговата ќелија секогаш светеше.
Голема ќелија, кревет и многу икони, свеќи; никаков лустер, ништо.
Тој обично во подрасник, co појас од неколку врвци, долга коса, и голема брада.
И секогаш радосен, секогаш блескав – тоа е прв знак дека човек е помирен co небото.
А кој не е помирен co небото тој е смрштен, потиштен, замрачен.
И онаа прекрасна радосна насмевка на лицата на тие луѓе, тоа секогаш докажуваше дека тие се по Бога или во Бога.
Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”
Подготви Мина Данилоцска