7. Некој го праша старецот:
„Мојата помисла често бега таму каде што не сакам.
Co повикувањето на името на Исус Христос, мојот дух некако за извесно време се запира скаменет, но потоа повторно се враќа кон таа помисла”.
И старецот му одговори:
„Тоа бара анализа. Како прво, не треба да прифаќаме никаква помисла. Кога тие доаѓаат и ти не ги примаш, постапуваш правилно.
Ќе ти раскажам за мене.
Јас имам колиба и сакам тишина.
Но, над мене прелетуваат авиони. Што да правам?
Можам ли да ги запрам?
Би било лошо ако го израмнам местото и направам аеродром. A сега тие прелетуваат и создаваат бучава, но јас не им давам значење.
Тоа пак, што го кажа за молитвата, повторно е стапица на ѓаволот.
Си спомнувам дека кога бев млад, се борев co страстите.
Согледав дека една страст постојано ме напаѓа.
Кога се молев, ѓаволот ме доведуваше во таква состојба, што си помислував дека нема да успеам да го победам и да ја здобијам неопходната добродетел.
И покрај тоа што имам некаков успех, не го забележував. Бог ме обезоружуваше, допуштајќи да ме обземе очајание.
Си мислев дека нема да станам, нема да успеам да ја победам страста, додека во почетокот имав напредок.
Ќе прашаш:
Како може некој да напредува и во исто време да гледа дека оди назад?
Така е затоа што ние не гледаме co колку противници се бориме денес, a co колку утре.
Ќе ви дадам пример.
Денес сум направил грешка, но си велам себеси дека утре нема да ја повторам.
Но наместо тоа, другиот ден правам нешто уште полошо и велам:
‘Боже мој! Зошто повторно направив грешка?
Ѓаволот собира пет-десет свои и ме фрла на земјата.
Јас не ги гледам многуте, туку само еден. Се обидувам и следниот пат да го победам, но напразно.
Тогаш ме мачи очајание.
И ѓаволот си вели: ‘Успевам! Ако го доведам до лудило, јас сум успеал. Ако го фрлам во очајание и безнадежност и го доведам до самоубиство, тогаш сум го победил’.
Кога би можеле да видиме co колку сме војувале првиот ден, a co колку вториот, третиот итн, ѓаволот не бе можел да опстои и би побегнал.
И така, јас стигнав до таква состојба во којашто сметав дека не можам да достигнам одредена добродетел.
После тоа применив друга тактика.
Си реков:
‘Слава Тебе Боже! Денес веќе е подобро’, дури и да било полошо.
Исто така постапував и другиот ден. На тој начин си давав сила, макар и да бев потполно скршен.
Во време кога не можев да одам напред и самото
‘Слава тебе Боже!’ беше напредок затоа што ми даваше смелост и надеж.
Така, првиот ден направив еден чекор, вториот – два, и co помошта на Божјата благодат ја надминав таа состојба.
8. За борбата којашто човекот треба да ја води co помислите старецот рече:
„Во почетокот, каква и да било борба да води, природно, co помошта на Божјата благодат, ќе има подеми и падови.
Дури кога ќе нарасне Божествената љубов, ќе биде изгорено целото ѓубре коешто го растура ѓаволот.
Тогаш сето гори и ништо не може да се доближи до него”.
Пренесено од книгата “Да ја претвориш туѓата болка во своја – Поуки на светогорскиот старец Пајсиј” од отец Дионисиос Тацис
Пренесе Мина Даниловска