…Искуството нè учи дека кога двајца се венчаваат, тие веднаш почнуваат да откриваат колку, всушност, се разликуваат меѓу себе.
Факт е дека ние почнуваме да се запознаваме дури во бракот. Живееме грижејќи се премногу само за себе. Навистина ни е потребен некој друг за да ни помогне да се запознаеме самите себе.
Една од неочекуваните предности на квалитетниот брак е и таа што тој ни обезбедува личен психијатар: примерната сопруга секогаш спремно ќе го сослуша својот сопруг, без да има потреба да биде платена за тие услуги!
Познато ни е дека многу емоционални стресови настануваат, тогаш кога личноста на која надвиснале нејзините проблеми, нема нив со кого да ги сподели.
Во добриот брак, мажот и жената меѓусебно го делат своето бреме, безрезервно помагајќи си еден на друг, и без да се оптоваруваат со помисли, како другиот ќе го сфати тоа.
Бракот не е мисионерски потфат!
Доволно е тоа што самиот си носи свои тешкотии и искушенија кои се подразбираат, за сега уште и сопружникот дополнително го отежнува, обидувајќи се сосема да го промени и преобликува оној другиот.
Една од најчестите и најголеми илузии на младите сопружници е желбата и очекувањето да го промени другиот.
Вистинската љубов не присилува никој, не бара промени; таа подразбира возрастување.
Како?
Најпрвин, со прифаќање на својот сопружник, онаков, каков што е. Кога се венчаваме, ние не се заветуваме дека ќе го менуваме оној другиот, туку дека ќе го сакаме, онаков каков што е.
Најдоброто нешто што мажот може да го направи за да влијае на својата жена е да се промени самиот себе, да ги поправа своите недостатоци, држејќи се до поуките, кои Господ им ги упатил на Своите ученици…
ќе продолжи….
Свештеник Алексеј Јанг