ЈАС СУМ ДЕТЕ ОД УЛИЦА, БРАТЕ!
( За напуштените деца)
Број на страницата: НЕМА!
Регистерски број ; НЕМА!
куќен број – НЕМА!
Име на МАЈКАТА?
Јас сум дете од улица, брате.
Знаеш, она дете што пушта змеј на улица?
Дете, кое во сонот ги заборавило џамлиите?
Дете, кое играчките ги дало на јунаците од бајките..
.
Тоа сум јас. Тоа сум јас, брате!
Навистина би требало да имам МАЈКА, зарем не?
Навистина брате, каков е вкусот на мајчиното млеко?
Како мајките милуваат деца?
Каков е мирисот на МАЈКА, кој знае!
МАЈКА!
Можеш ли да ми нацрташ мајка?
Мајка, на чии врвови на прстите е студена зима.
Мајката, меѓу плашливите дланки на заборавените деца?
Можеш ли и мене да ме нацрташ покрај неа, брате?