Славна (Ано), која процвета од коренот на Јесеја, ти ни го израсна чистиот жезол – Дева, која ни Го израсна неувенливиот Цвет, Избавителот наш Исуса.
Пазејќи ги законите на оправдувањето неповредено, и на Бога Седржителот служејќи Му непорочно, си се удостоила, Ано, да бидеш мајка на Пречиста Дева, која Го роди Христа по тело; со неа те именуваме блажена, и твоето свето успение со радосна мисла денес го празнуваме.
Дојдете сите пријатели на девството, љубители на чистота!
Дојдете да го празнуваме чесното успение на Ана, бидејќи таа го роди изворот на животот, слугинката Божја Марија, од која се роди Избавителот, Кој ги просветлува и осветува душите наши.
Тропар
Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде што е живеалиштето на оние што се веселат, радувајќи се со слава, и просејќи очистување на гревовите на оние што те почитуваат со љубов, секогаш блажена.
Светилен.
Како што прилега, да ја воспееме богоповиканата Ана, бидејќи таа, спротивно на секое очекување, се јави како сродница по тело на Христа нашиот избавител, Кој денес ја прими во висините, и која за нас и за мир во светот се моли.
Навистина е блажена твојата утроба која во себе ја носеше онаа што ја носеше Светлината на вселената, и твоите прекрасни гради, Ано, што ја дојеа онаа којашто Го доеше нашиот Хранител.
Откако ја роди небесната врата, Ано богомудра, се искачи кон небесното живеалиште, преславна, и сега се насладуваш од божествената слава. Со твоите молитви удостој нѐ за таа слава и нас, кои го празнуваме твоето чесно успение, мракот на страстите разорувајќи го, и маглата на тешките маки растерувајќи ја.