Водопади на Благодатта

Црквата, Богослужбата и воопшто молитвата – се природно и животно опкружување на душата, каде – како риба во свежа вода, како птица во воздухот – душата вистински живее,

се успокојува, се насладува,

се закрепнува, игра и се весели, каде би сакал и да веруваш, и да плачеш и се` е толку лесно, толку лесно!

Молитвата просветлува, го облагородува лицето на човекот којшто се моли, таа прави неговото лице да биде – како лице на Ангел.

„Но, треба да се има истанчено чувство во молитвата…и во богослужбата, бидејќи во спротивно – молитвата нема да донесе никаков плод, ниту видлива корист.

И во се` е така“.

Но ние неретко се молиме со срца задремани и овенати од животнио страсти; не се молиме живо, вистински, со врела молитва, (се молиме) без длабочина и искреност, брзо и брзоплето.

Затоа луѓето често го губат плодот на молитвата…

Стоејќи во храмот, ние мора постојано да имаме на ум, дека Бог е – севидливо око, кое е илјада пати посветло од сонцето, и гледа се` што е тајно и скришно во човечкото срце!

Затоа немој да се молиш површно, туку со сето срце, од длабочината на душата, доаѓајќи сам со своето размислување, до темелот на секоја своја помисла…

А површната молитва , како јалова ќе донесе само досада, прозевање и мрзливост.

Многумина не сакаат да бидат на богослужба, затоа што не ја познаваат, со целокупното нејзино богатство, големина, мудрост, убавина, животворност.

А кога тоа ќе го познаат – никогаш повеќе од неа нема да се разделат, зашто толку е богослужбата привлечна, хранлива, слатка за душата!

Зошто толку често се ладни спрема литургијата.

Поради недостатокот на расудувањето, поради маловерието, неверието и поради секојдневните животни страсти. Зошто тие повеќе ги сакаат театрите, отколку Црквата?…

Во театарот човекот се „забавува“ со себе си, а често и со своите сопствени пороци, им аплаудира, им се радува и дарежливо го наградува нивното мајсторско прикажување.

А за литургијата човекот во повеќето случаи е неподготвен, недостоен да го живее нејзиниот живот, да ја почувствува нејзината големина и спасоносност, за со неа да се најде, одухотвори, обожи: оној кој е од земја, кон земјата и` тежнее.

Но, постојат и луѓе за кои Литургијата – е се` на светот!

Водопадите на благодатта изобилно истекуваат во храмот, за време на заедничката богослужба и ги напојуваат душите на верниците.

 

(О. Јован Кронштатски – големиот служител на литургијата)

Претходна статијаMитрополит Наум – Скриена демонизираност…
Следна статијаСветиот Архангел Гавриил, биди ни помошник, и никој ништо не ни може.