Спасителот наш говореше:

Допрете Ме, и видете дека носам коски и тело, дека сум Јас и дека не се изменив.

Тома, кој не беше присутен за време на Твоето прво влегување, го допре Твоето ребро и, откако поверува, Те позна Тебе, наш Спасителу.

Кондак, глас 8.

Со љубопитната десница, Тома ги испита Твоите животодателни ребра, Христе Боже, кога си влегол низ заклучените врати, и со другите ученици викаше:

Ти си мојот Господ и Бог!

Икос: Кој ја запази тогаш раката на ученикот неизгорена, кога тој пристапи до огненото ребро Господово?

Кој ѝ даде смелост да ја допре недопирливата за сите коска пламена?

Оти, ако реброто не ѝ беше дало сила на земјената десница, како можеше да ги допре раните, од чии страдања се затресе небото и земјата?

Таа благодат му се даде на Тома, за да ги допре и да Му извика на Христа:

Ти си мојот Господ и Бог!

Песна 7 .

Ирмос: Со помош на музички инструменти, луѓето беа повикани да се поклонат на ликот (на тиранот); но младите момчиња, како и нивните татковци, пеејќи песни сионски заедно со Давида, ја отфрлија злочестивата заповед на мачителот, и пламенот го претворија во роса, пеејќи ја песната:

Превознесуван Боже на отците, и наш, благословен си.

Како прв меѓу деновите и нивен господар, овој ден е светлоносен и во него и божествените луѓе се радуваат трепетно, бидејќи тој го носи печатот на вечноста, невечерниот ден осми во иднината.

Најславен Боже на отците, и наш, благословен си.

Тома Близнакот, од чие сомневање ние имаме голема добивка, со својата ретка смелост го протера мрачното незнаење од сите краишта (на вселената), а со своето верно неверие си плете венец за себе, јасно говорејќи:

Ти си најславениот Господ, Боже на отците, и наш, благословен си.

Тома не се посомнева напразно во Твоето Воскресение, Христе, бидејќи тоа сомневање направи Воскресението да стане несомнено за сите народи.

Затоа, откако со своето неверие ни ја утврди верата на сите, нѐ научи да говориме:

Ти си најславениот Господ, Боже на отците, и наш, благословен си.

Откако Тома со страв ја стави раката во Твоите живоносни ребра, Христе, го почувствува двојното дејство на двете природи, во Тебе соединети неслиено, и со вера викаше говорејќи:

Ти си најславениот Господ, Боже на отците, и наш, благословен си.

Претходна статијаСобор на Светиот Архангел Гавриил
Следна статијаПРИЧИНИ ЗА НЕВОЛЈИТЕ И ЖАЛОСТИТЕ!