Архимандрит Дамаскин
———————————
РОДИТЕЛИ, НЕ ГИ ПРЕДАВАЈТЕ ДОБРОВОЛНО ДЕЦАТА ВО РАЦЕТЕ НА САТАНАТА! (2)
(Извадок од беседата на Рождество на Пресвета Богородица)
„…Сè повеќе слушам и сè повеќе зема замав уште една лоша појава, за која сакам сега да зборувам, но најнапред, сите оние коишто ќе се препознаат, ги замолувам со сето срце и со длабока тага во душата, да се вразумат, да се поправат и да се покајат.
Денеска, ако детето малку заплаче, ако нешто не е во ред со него, постарите, особено нивните баби и дедовци, ги советуваат родителите веднаш да го носат на бајачка, на гатачка или на некакви лажни исцелители и со тоа уште повеќе се влошува состојбата на детето, па дури Бог допушта, ако не се вразумат родителите, и самите демони да го запоседнат телото на детето, за да тие со болка го согледаат своето беззаконие и да се обратат кон Бога со длабоко покајание.
Верувајте ми дека многу мајки, со неутешно покајание и со горки солзи доаѓаат тука, жалејќи и каејќи се длабоко што децата ги носеле на бајачки и гатачки, бидејќи сега состојбата многу им се влошила и неможат ништо да направат за да го поправат нивното духовно и телесно здравје.
Затоа, уште еднаш ве замолувам, сите родители, сите баби и дедовци:
НЕ ГИ ПРЕДАВАЈТЕ ДОБРОВОЛНО ДЕЦАТА И ВНУЦИТЕ ВО РАЦЕТЕ НА САТАНАТА!


























Не лажете се, најсрдечно ве молам, демоните неможат да го исцелат или да го смират вашето дете или вашето внуче, тие само сакаат да ги погубат и неговата и вашата душа и да ги повлечат со себе во вечните маки.
До кога ќе ја жалостиме Мајката Божја, до кога Таа ќе пролева горки солзи за нашето непокајание и гревовен живот?










