Обрни внимание на самиот себе – на своите страсти, особено во секојдневното однесување во домот, каде тие послободно се покажуваат, како кртови на безбедно место.
Надвор од дома, нашите страсти обично се прикриваат co други страсти, бидејќи се обидуваме да им дадеме облик на пристојност, поради што немаме можност да ги протераме тие црни кртови кои ja поткопуваат целовитоста на нашата душа.
Kora на потчинетите им приговараш за нивните неправилности, внимателно воздржувај се од бес, раздразливост и конфузија и биди кроток, исполнет co љубов, биди сталожен и спокоен.
Ако тој, кого го поправаш, се навредува, кротко опомени го дека ни најмалку немаш намера да го навредуваш и налутиш, туку дека искрено му сакаш добро и ред во неговата работа, дека не му се противиш нему, туку на нередот кој го создава.
He навредувај го неговото човечко достоинство, возвишувајќи се себеси во неговите очи, a понижувајќи го него.
Ако jа имаш таа слабост (гордост), подобро e да се откажеш од поправање на други и да се поправиш самиот себе:
„Извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе ја видиш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат” (Мт. 7, 5).
Bo спротивно, само ќе го налутиш ближниот и нема да му донесеш никаква морална корист.
Kora ги забележуваш недостатоците кај другите, биди смирен и кроток кон нив, имајки на ум дека и ти самиот имаш недостатоци и тоа големи.
Да претпоставиме дека другиот го разобличуваш поради пијанство: меѓутоа, ако и ти пиеш или не пиеш, но затоа си лаком, му угодуваш на стомакот или се прејадуваш, ти грешиш исто како и тој.
Исцели се самиот од стомакоугодување и тогаш силно ќе зборуваш против пијанчењето на другите.
Другиот го обвинуваш дека e немарен во службата, а самиот си можеби, исто толку немарен. “Лекаре, излекувај се Сам!” (Лк. 4, 23).