ЧУВАЈТЕ СЕ ОД ПРЕЛЕСТА (Свети Теофан Задонски)

Оправдан е исто така стравот од прелеста… Постои мисловна прелест – тоа е замислување… а постои и надворешна – тоа се светлости, звуци, некакви фигури… Плукајте на сето тоа… зашто е ѓаволско. Демонот се јави некому и повика: „Доаѓа Христос, доаѓа Христос!“ А овој му одговори: „Губи се прелест лукава! Нема кај мене да дојде Христос: зашто јас сум крајно грешен“ – и демонот исчезна.

Бојте се од прелеста… Треба да сее боите… но избегнувајте ја основната прелест, па ни за други нема да има место.

Основната прелест е кога мислам, и уште повеќе чувствувам дека сум нешто, а всушност сум ништо. Јас тоа го нарекувам самовреднување…

Обрнете внимание на таа вообразеност и сметајте ја за свој прв неепријател. Не давајте и` да заседне во вас – инаку ќе ве погуби… Еве апостолска лекција: Зашто кој мисли дека е нешто, а не е ништо, се опрелесува (лажи) самиот себе (Гал. 6, 3).

Погубниот дух на прелестта се состои ( настанува) од три гревови: самодопадливост, самоволие и умисленост.

Постои дух на прелест кој, којзнае како, ја обвива душата со своето лукавство, и ја заплеткува во помисли, така што таа смета дека е демек смирена, додека внатре сокрива горда умисленост (вообразеност). Заради тоа секогаш треба да се набљудува срцето. Тука се најпогодните смирувачки надворешни односи.

Пофалбата

Не е добро кога сите околу те фалат и никој не ја зборува вистината. Зар во тој случај е потребно многу, па да се изгубиш? И неволно ќе почнеш себеси да се сметаш за свет и на сите да им држиш лекции.

Пофалбите раѓаат фалбаџиство и држење до себеси – зли чувства кои водат кон суета и гордост. Боже сочувај!

Воскреснувајќи ја Јаировата ќерка, Господ на нејзините родители строго им заповедал никој да не дознае за тоа (Мк. 5, 43).

Со тоа ни е речено: не барај слава и својот слух не го изострувај да чуеш човечки пофалби, дури ни тогаш кога твоите дела се такви да не можат да се сокријат. Прави го она што ти налагаатстравот Божји и совеста, а кон она што луѓето го зборуваат однесувај се како да не постои. И пази на својата душа: штом макар и малку се сврти на таа страна, враќај ја во ред.

Желбата луѓето да дознаат, поттикната е од желбата за пофалби. Кога ќе дојде пофалбата, целта изгледа достигната; а тоа ја поткопува енергијата и ја пресекува работата која е пофалена.

Излегува дека оној кој сака луѓет да знаат за неговите добри дела – самиот е свој предавник. Тоа што луѓето го фалат доброто, тоа е нивна работа: зашто ако нешто е добро, како да не добие пофалба?

Но таа пофалба немој да ја имаш на ум, ниту да ја сакаш, ниту да ја бараш.

Ако си попуштиш себеси во тоа – сосема ќе се расипеш. Едно попуштање повлекува друго. Зачестеноста на тоа ќе те претвори во пофалбољубец.

А кога ќе дојде дотаму, нема веќе сите твои дела да бидат за пофалба и пофалбите ќе се стишат. Покрај недостатоците на пофалби од страна, ќе се појави фалбаџиство, кое Господ го нарекол трубење пред себеси. Тоа е уште полошо. Душата тогаш станува ситничава и јури по лажен сјај, и вистинско добро од неа веќе не очекувај.

Демоните никогаш ништо неговорат и не прават со добра цел: тие секогаш во предвид имаат некое зло… Малку – малку, кога некому ќе му појде од рака да направи нешто добро, демонот итро се приближува и почнува да труби во ушите: ти си таков и таков.

Не слушај и не впуштај се во разговор со таквиот подлизурко, туку веднаш отсечно речи му: „замолкни и излези!“, неговото заминување пропратиго со воздивнувања и самоукорување, а местото на кое бил окади го со скрушена молитва.

Тој сака да породи вообразеност и држење до себеси, а од нив потоа ќе се развие фалбаџиство и суета – сè такви помисли и чувства кои во духовниот живот се исто што и крадците во секојдневниот.

Како што тие влегувајќи во куќата ги крадат домашните добра, така и овие (помислите и чувствата) со своето вкоренување во душата го уништуваат секое добро во неа и го исфрлаат надвор, така да не останува ништо заради кое што Господ потоа би те пофалил.

Претходна статијаСекоја мака трпете ја со радост! (Старец Паисиј Светогорец)
Следна статија“Лекаре, излекувај се Сам!” (Св. Јoван Кронштадски)