ПРЕТПОСТАВКИ ЗА МОЛИТВЕНО ДЕЛУВАЊЕ
Ние сме луѓе што веруваме или барем се нарекуваме верници, затоа секогаш можеме да добиеме простување, a ако и имаме нешто што не може да се прости, тогаш за тоа треба да се покаеме: што помислив лошо или што посакав лошо и поради што сум лишен од способноста и правото да се молам.
Зошто нашата молитва секогаш се сведува на читање?
Затоа што нашата свест co нешто ќе се помрачи. Можеби co тоа што некого немаме оправдано или не сме му простиле или затоа што сме врзани co некој грев кој повторно се повторил, и од кој не сакаме да се одречеме.
Затоа нашата молитва станува читање, а не молитва.
Зарем никогаш не сте се запрашале:
зошто денес се разбудив и не можам да се молам? Главата ми е одморена, коските ми се одморени, ништо не ме боли. Па зошто тогаш не можам да се молам, зошто ми е тешко: дали тоа мрзливоста и по седум и повеќе часови седи се’ уште во мене?
Причината секако треба да се побара на друга страна. Тоа е сигурно предупредување на совеста поради нечистото срце, од кое доаѓа сето зло. Значи, треба што поскоро да се седне на маса, да се земе книга и пенкало и да се сетиме на се’ што се случило:
што лошо реков вчера, преку денот или вечерта и што лошо помислив? Или зошто посакувам нешто лошо? Што ме лишува од способноста и правото да се молам? Нема да заборавите? Способноста и правото да се молам.
Се случува да сме способни, но да немаме право. He сакаме некому да му простиме и не можеме да простиме и не се обидуваме да простиме.
Злопамтила, така?
– Што, зарем тоа значи дека не треба да се молиме тогаш кога сме способни или немаме право?
– He, туку да ја запишеш причината поради која немаш право, за да ја исповедаш. Тоа што си го запишала за духовникот, си го напишала за Бога и веќе стекнуваш право да се молиш.
Бидејќи Светата Тајна веќе започнува да се извршува. Како прво, го утврдуваш своето покојание, своето себеосудување. Својата намера да го принесеш покајанието пред Бога.
Својата намера да се посрамотиш пред човекот и така да се оправдаш. Ти ја утврдуваш својата намера да го проколнеш гревот. Така почнуваш повеќе да не читаш, туку да се молиш, покајно да плачеш, потврдувајќи го она што си го напишал. Тоа е психологијата на Богоопштењето.
А што ако знаеме дека сме го навредиле или огорчиле човекот и сфатиме дека тој веројатно не може да се моли бидејќи е навреден – бидејќи нема најдено сила да ме оправда и да ми прости, значи дека не се моли, нели?
Тој е помрачен. Тој денес не е христијанин. Го оставил Ангелот Чувар. A виновникот сум јас. Нарушен е законот на љубовта! Законот на љубовта – тоа е едноставно кажано, кратко и јасно и не треба да се објаснува.
He, никакви подвизи co пост, милосрдие и милостина нема да помогнат. Ти треба да се смириш co Бога, да станеш свесен за гревот, да имаш намера и да побрзаш во првата подобра прилика, што е можно поскоро, да замолиш за прошка. Тоа е христијанството.
Ете зошто на гордиот човек му е толку тешко да се смири co Бoга. Бидејќи тој не може да каже „прости ми” на ист таков човек како што е и тој.
Тоа е целата наша несреќа – токму таа гордост. Себељубието е причина за сите несреќи; од него зависи вечниот живот и вечното спасение. Бидејќи Светите отци велат каде што нема смирение нема ниту спасение. Нека прости, нека се моли по свое, нека чита катизми и акатисти – ништо не помага! Тоа ќе биде само фанатизам.
Бидејќи, еве, токму Господ во Евангелието ни даде закон – заповед на блаженствата. Таму не е само речено: пости, носи вериги, не се бањај, не се пресоблекувај, миј се еднаш во годината; таму никаде не е речено ниту вакво нешто: почитувај ги иконите, пали кандило, свеќи – тоа го нема (не во смисла дека не е потребно или е лошо).
„Блажени се милостивите, блажени се чистите по срце, блажени се бедните по дух” – нели?
„Блажени се чистите по срце – тоа е посебно важно. Бидејќи тоа ја опфаќа и првата и втората и третата заповед… Чистотата е помеѓу другото и „блажени се бедните…” Ова не е само телесна чистота, туку чистота на срцето!
Имаш право да се молиш, бидејќи ги сакаш сите и на сите си им простил? Тоа е – чисто срце. А ако човекот е лукав, ако срцето е лукаво, тогаш во никој случај не може да се моли, бидејќи е непријател на Бога, а пријател на демонот.
– А ако човекот е убеден дека сака, иако, според неговите постапки се гледа дека никого не сака?
– Нему тоа му се причинува поради неговото себељубие, поради гордоста, поради неговото големо „jac”.
– А психолошки? Бидејќи тој, сепак, е убеден дека сака?
– Знаеш во што е работата? Едноставно е. Таквиот човек нема пожртвуваност.
– Мене ми се чини дека сакам човек…
– Како што реков,тоа може да се провери само со пожртвуваност.
– А како да се расудува?
– Според делата – пo делата на нашето срце, a не по надворешните дела. Покажи ги делата, а не расположението. Најстрашно е тоа што ние себеси можеме да се прелажеме и секогаш така да се лажеме.
– Апостолот за постот вели, дека кој пости – добро прави, a кој не пости – тоа е работа на неговата совест. А како човекот да пресуди? И што чувствува неговата совест? Бидејќи еден пости и за него тоа е закон, а друг не пости и не чувствува во срцето свое поради тоа разобличување на совеста.
– За тоа секој ќе даде одговор…
– А доколку човек воопшто мисли дека е добар и дека ќе му се суди како на добар?
– Како да се провери дали е добар?
Co пожртвуваност. Многу е тешко да бидеш пожртвуван. Некои сакаат само привидно – само им се чини дека Го сакаат Бога и луѓето. Постојат такви луѓе нели? Тоа е лажна самоувереност.
Ним не им е позната состојбата на покајание, тешко им е да кажат: „прости”. Тие тоа го избегнуваат. И често, многу често го користат зборот “јас”. Овие два психолошки доказа може да покажат дали тие правилно мислат за себе или не.
Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”