… И не само што прогледа слепиот Вартимеј, туку и многу други духовно прогледаа гледајќи го чудото Господово над Вартимеј; оти се вели:
„И сиот народ, кога го виде тоа, My воздаде слава на Господа”.
Секако дека ова чудо влијаело и на цариникот Закхеј да му се отвори духовниот вид. Несомнено е дека тој уште порано морал да има слушано за Христа Господа, оти во него се родила толку силна желба да го види, што дури и се туркал да излезе напред пред луѓето, за најпосле да се качи на дрво, за да ја исполни својата желба.
Цариниците беа сметани за многу грешни и нечисти луѓе, оти наплатувајќи го данокот за државата, тие немилосрдно го глобиле народот за лична корист.
Затоа цариниците се изедначувани co незнабошците (Мат. 18, 17). Kora таков лош глас ги биеше цариниците воопшто, колку лош глас морал да има нивниот старешина?
А еден таков злогласен старешина на цариниците бил и овој низок Закхеј.
Бил старешина на цариниците и бил и богат, тоа значи дека бил изложен и на презир и завист. Презирот и зависта – два доближени ѕида помеѓу кои се провлекува душата на еден богат грешник во овој живот.
Но во грешникот Закхеј се разбудил човекот Закхеј, кој се побуни против грешникот во себе и кој поита co сета своја сила напред и на височина за да го види Христа, да го види безгрешниот човек, да го види својот неизвалкан, пречист праобраз.
Се качи човекот Закхеј на високо, разгрането и скалесто дрво покрај патот, каде што требаше да помине Господ.
„Исус пак, кога дојде на тоа место, погледна угоре, го виде и му рече: Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом. И тој веднаш слезе u го прими co радост”.
Од овие зборови произлегува дека Закхеј прв не го видел Господа, туку Господ него.
Погледна угоре, го виде и му рече. Co својот духовен вид Господ го виде Закхеј и многу порано, a co своите телесни очи го виде кога дојде на тоа место.
Иако малиот Закхеј побегна од толпата и се качи на дрво, сепак Господ прв го здогледа од земјата и од толпата народ, отколку тој Господа од височината на дрвото.
О, колку сезнаен e нашиот Господ Бог! Hѐ гледа и тогаш кога не се надеваме. Kora ние го бараме, правејќи многу напори за да го најдеме и да го видиме, Тој e покрај нас и нѐ гледа.
Секогаш Тој побргу нѐ гледа, отколку ние Heгo.
Kora ние би го насочиле својот умен поглед како Heгo, барајќи го Hero, сакајќи го само Heго, тогаш Тој би ни се јавил и би нѐ викнал по име, за да слеземе од високите и опасни гранки на чудното мудрување и да се симнеме во своето срце – да се симнеме co молитвениот ум во своето срце – во својата вистинска куќа.
Пренесено од книгата “Омилии”, Недела триесет и втора по Духовден, Евангелие за покајаниот Закхеј (Лука 19, 1-10; Зач. 94) – Подготви М.Д.