УMOT ШТО СЕ МОЛИ БАРА  ДА СЕ СОЕДИНИ CO СРЦЕТО

Затворени се дверите на чувствата: јазикот безмолствува, очите се затворени, слухот не восприема ништо вон од мене. Умот, облечен во молитва, оставајќи го бремето на земните помисли се симнува во срцето – келија. Келијните двери се затворени, насекаде темнина, .непрониклив мрак.

И умот, во недоумение, почнува co молитва да чука на дверите од срцето; стои трпеливо пред дверите, чука, чека, и пак чука, и пак чека, и пак се моли.

Нема никаков одговор, не се слуша никаков глас! Мртвата тишина и мракот одговараат co гробен молк. Умот се оддалечува од дверите на срцето, чемерен, и во горчлив плач бара утеха. He му беше дозволено да застане пред Царот на царевите, во светилшитето на внатрешната келија.

Зошто, заради што си отфрлен?

Врз мене е печатот на гревот. Навиката да размислувам за земното ме прилекува. Немоќен сум зашто Духот не ми доаѓа на помош, Духот Пресвет и Преблаг, Кој го воспоставува соединувањето на умот, срцето и телото – разединети од страшниот пад на човекот.

Без семоќната творечка помош на Духот, моите сопствени усилби сами по себе се залудни! Тој е многумилостив, бесконечно човекољубив, но нечистотата моја не My дозволува да ми пријде.

Ќе се измијам co солзи, ќе се очистам co исповедање на моите гревови, нема да му дадам на телото мое храна и сон, од чиешто изобилство душата дебелее; целиот облечен во плачот на покајанието ќе слезам до дверите на моето срце.

Таму ќе застанам или ќе седнам, како евангелскиот слепец, ќе ги поднесувам тежината, унинието на мракот, ќе повикувам кон Силниот да ме помилува: Помилуј ме! (Марко10, 48).

И слезе, и застана, и почна co плач да повикува. Се вподобуваше на слепиот кој не ја гледа вистинската, незаодна Светлина; на глувиот и немиот, кој не може ниту да говори ниту да слуша духовно; чувствуваше дека тој, токму таков, слеп, глув и нем, стои пред портите на Ерихонсрцето, живеалиште на гревови, очекувајќи исцеление од Спасителот Когошто не Го гледа, Когошто не Го слуша, кон Кого повикува од својата бедна состојба.

Тој не My Го знае името, Синот Божји Го нарекува син Давидов: плотта и крвта не можат да Го почитуваат Бога како Бог.

Покажете ми го патот по кој ќе врви Спасителот. Тој пат е молитвата, како што на човекот Пророкот му објави, од името на Бога и преку Духот Божји:

‘Пофалната жртва ќе Me прослави, и таму е патот, co него ќе му го јавам спасението Moe’ (Пс. 49,23).

Кажете ми, во кој час ќе помине Спасителот?

Наутро ли, напладне или приквечер? Бдејте и молете се, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ (Мат. 24,42; Марко 13,33).

Патот е познат, часот не е одреден!

Ќе излезам надвор од градот, ќе застанам или ќе седнам пред портите на Ерихон, како што советува Светиот Павле:

„Затоа, да излегуваме пред Hero надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга” (Евр. 13,13). Светот минува, се’ во него е непостојано:

Tоj дури не е наречен ни град, туку живеалиште. Ќе ја напуштам страсната приврзаност кон богатството, што неволно се остава при смртта, а често и пред неа; ќе ги оставам почестите и пропадливата слава; ќе ги оставам чувствените наслади што ги одземаат способностите за подвиг телесен и духовен.

„Бидејќи овде немаме постојанен град, туку го бараме оној што ќе дојде” (Евр. 13,14), којшто претходно треба да ми се открие во срцето мое, по милоста и благодатта на Бога – Спасителот мој.

Оној којшто co духот нема да влезе во таинствениот Ерусалим за време на земниот живот, тој ниту по исходот на душата од телото не може да биде сигурен дека ќе му биде дозволен влез во Небесниот Ерусалим.

Првото служи како залог за второто. Амин.

Пренесено од  списанието ПРЕМИН Двоброј 27-28

Претходна статијаБИДИ ЗА НАС СЕ`, ТЕБЕ ДА ТИ ПОСВЕТИМЕ СЕ` СВОЕ (Псалтир – преподобен Ефрем Сирин)
Следна статијаЧУДОТО КРАЈ МОШТИТЕ НА СВЕТИ ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИ КОЕ ЛИЧНО ГО ИСКУСИВ! (Писмо од наш читател