ЗА ПОСТОТ – Свети Игнатиј Брјанчанинов (Извадок од Енциклопедија на православниот духовен живот )

Заповедта на постот ја обновило и ја потврдило Евангелието.

„Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство“ (ЛУКА 21,34).

Прејадувањето и пијанството му носат тежина не само на телото, туку и на умот и на срцето.

Напротив, постот христијанинот го воведува во духовна состојба.

Оној кој е исчистен со постот,

смирен е со духот, целомудрен е,

скромен, молчалив,

чувствителен, со фини чувства во срцето и во мислите,

со лесно тело, способен за духовни подвизи и умно набљудување,

способен за примање на Божјата благодат.

Телесниот човек во целост е потопен во гревовните наслади.

Тој е сладострасен и по тело и по срце и по ум
и не само што не е способен за духовни наслади и примање на Божествената благодат, туку не е способен ниту за покајание.

Тој е сосема неспособен за духовни дела: закован е за земјата, потонат во материјалноста, за време на животот,
тој е – мртов по душа.

„Тешко вам, преситени сега, оти ќе огладнете!„ (Лука 6,25).

Ова, Словото Божјо им го соопштува на оние кои ја нарушуваат заповедта за светиот пост.

Со што ќе се храните во вечноста, кога овде сте научени само да се прејадувате и да се насладувате со материјалното, кое на небото го нема?

Со што ќе се храните во вечноста,нкога не сте вкусиле ниту една небесна убавина?

Како можете да се храните и да се насладувате со небесни богатства кога не ги засакавте, туку ви се омразени?

Насушен леб на христијаните е – Христос!

Постојаното јадење на тој леб – тоа е спасоносна наслада на која се повикани сите христијани.

Постојано храни се со Словото Божјо; постојано храни се со исполнување на Христовите заповеди.
………..

Превод Мина Даниловска

Претходна статијаПреподобна Теодора Александриска (Од Правосл. календар – 24.09.2019)
Следна статијаЗА ТРПЕНИЕТО ВО БРАКОТ – Старец Паисиј