„Што да знаеме, на што да се научиме (од Крштението Исусово)?“

И одговара:

„Дека треба прво да се очистиме, и смирено да мислиме, и да проповедаме во совршеноста и на духовната и на телесната возраст.

Она првото – за оние коишто се одлучуваат на Крштевање, а не се подготвени, ниту му пружаат цврстина на искупувањето преку усвоената навика за правење на добро.

Зашто, ако дарот на благодатта – а е дар на благодатта! – пружа отпуштање на минатите гревови, тогаш тоа [очистувањето] е уште подостојно за почит, така што да не се враќаме на изблуеното.

А ова второто – за оние коишто се вознесуваат над управителите на Светите Тајни, доколку се истакнуваат со некое достоинство.

Третото, пак – за оние што се охрабруваат од својата младост (и ученост), па секое време го сметаат за прилика да ги поучуваат другите или да претседаваат (со другите).

Исус се очистува, а ти го презираш очистувањето?

Он тоа го прима од Јован, а ти се подигаш против својот духовен отец.

Тој триесетгодишен, а ти уште голобрад ги поучуваш старите, или мислиш дека ги учиш, а ниту со (духовната) возраст ниту со некој начин на своето однесување заслужуваш почит…“

Свети Григориј Богослов

Претходна статијаКако да го видиме Христос како Закхеј?
Следна статијаОПРАВДУВАЊЕТО НА СТРАСТИТЕ ПРЕКУ ЉУБОВТА (размилување…)