Прочитајте неопходна храна како лек за –

ХРАНА ОД ТУЃИТЕ ГРЕВОВИ ?

Клеветникот кој го осудува својот брат, оној кој шири сплетки, не може духовно да се подигне на Небо, не може да општи со Бога.

Дури и во Црквата тие луѓе бараат сплетки, новости, се слични на змија која доползила во прекрасна цветна градина.

Многумина од нас, во најсветите минути на Литургијата, покрај своите уши го слушаат ласкавиот глас на тие луѓе:

„ Знаете што стана?!

Само, меѓу нас да остане….само вам ќе ви кажам…“, итн.

Тие луѓе се хранат со смрдеата на туѓите гревови, како црвјето со прав и нечистотија. Тие се преставуваат како борци за правда, а во суштина уживаат во тајно сладострастие од учеството во слични разговори.

Зошто?

Зашто срцата им се валкани и развратни.

Вистински целомудрен човек, не само што нема да посака да зборува, туку ниту ќе сака да слуша нешто лошо за ближниот.

Пресвета Богородица, пред Својот блажен крај Го молела Својот Син за едно – да ја избави од гнасниот и бесрамен изглед на демоните – клеветници.

Браќа и сестри, како да постапуваме кога ни доаѓаат такви луѓе?

Пророк Давид, директно одговорил:

„Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам“ (Псалм 100, 5)

Но што да правиме кога ни недостига Дух така да постапиме?

Тогаш, на таквиот човек треба да му кажеме:

„ Тоа што го зборуваш за другиот се однесува на мене, и јас сум виновен за такви гревови, можеби си ги прочитал во мојата душа?

Јас сум таков каков што кажуваш“!

И тогаш, вашите смирени зборови, веднаш ќе му ја затворат устата.

Или кажете поинаку:

„Негодуваш за тоа дека твојот брат направил грев, ајде да станеме на молитва и да се помолиме за братот“.

Но, тој човек, не негодува, туку му е мило дека другите се грешни и затоа тој нема да стане за никого да се моли, туку веднаш ќе одговори:

„Немам кога“.

– и ќе побегне од тебе, а потоа нема ни да се приближи таму каде што се наоѓаш ти.

Страшен е гревот на осудувањето.

Некој монах, му кажал на преподобниот Пимен:

„Треба да си заминам од Манастирот, зашто е полн со соблазни“.

Ава Пимен го прашал:

„Си ги видел“?

Тој одговорил:

„Не, но еден брат ми раскажа за тоа“.

Авата рекол:

„Лаже твојот брат“.

Овој возвратил:

„Тој е чесен човек“!

Но преподобниот не се согласил.

„Чесниот човек никогаш не би се согласил да ти ги пренесува гревовите на другите луѓе“.

И додал:

„Дури и на нашите очи не треба да им веруваме, ако тие гледаат зло“…

Пренесено од книгата „Патот на Христијанинот од Арх. Рафаил Карелин (страница 99, 100, 101)

Претходна статијаАНТИХРИСТОТ Е ВЕЌЕ НА ЗЕМЈАТА… Доаѓаат многу тешки времиња (Старец Ефрем)
Следна статијаБОГ ПОДОБРО ОД ТЕБЕ ЗНАЕ ШТО ТИ Е НАЈПОТРЕБНО…(Црквата не може да се стави на страната на некоја политичка партија)