„Возљубени, за надворешното подвижништво и за тоа кој начин на живот е повисок и прв треба да го знаете следново:
сите добродетели се поврзани меѓу себе, како алки во некој духовен ланец зависат една од друга :
молитвата од љубовта,
љубовта од радоста,
радоста од кротоста,
кротоста од смирението,
смирението од служењето,
служењето од надежта,
надежта од верата,
верата од послушанието,
послушанието од едноставноста.
Така и од спротивната страна, лошите дела зависат едно од друго:
омразата од раздразливоста,
раздразливоста од гордоста,
гордоста од суетата,
суетата од неверието,
неверието од жестокосрдноста,
жестокосрдноста од неработењето,
неработењето од мрзеливоста,
мрзеливоста од унинието,
унинието од нетрпеливоста,
нетрпеливоста од сластољубието.
Останатите делови од порокот исто така се меѓусебе поврзани, исто како што на добрата страна поврзани се меѓу себе и една од друга зависат добродетелите.“
Преподобен Макариј Велики