„Непрестајната молитва доаѓа од љубовта, а се губи поради осудувањето на другите, празните разговори и невоздржувањето.
Оној што Го љуби Бога, може да мисли на Него ден и ноќ, бидејќи на љубовта кон Бога не ѝ пречат обврските.
Апостолите Го љубеле Господ и светот не им пречел во тоа, иако тие размислувале за светот и се молеле за него, и проповедале. А ете, на св. Арсениј Велики му било речено:
„Бегај од светот“. Меѓутоа, Божјиот Дух и во пустината нѐ учи да се молиме за луѓето и целиот свет.
Во овој свет секој од нас има свое послушание: и владетелот, и патријархот, и куварот, и ковачот, и учителот.
Господ сите нас нѐ љуби, но најголемата награда ќе му ја даде на оној што има преголема љубов кон Него.
Господ ни заповедал да Го љубиме Бога со сето свое срце, со сиот ум, својата душа.
А без молитвата, како ќе Го љубиме?
Затоа човековите ум и срце треба секогаш да се слободни за молитвата.”
– Старец Силуан