Говорејќи за неволјите и искушенијата што го снаоѓале и од видливите и од невидливите непријатели на неговото спасение, како и за неговата борба co нив, свети Симеон Нови Богослов ја опишува милоста и помошта што ја добивал од средбите co Господ Христос.

Тој вели:

– Еден ден Ти ме сретна на патот, и тогаш за прв пат Ти блесна во моите слаби очи co пречистиот сјај на божествено лице Свое и во тој час jac ja изгубив и онаа малку светлина, која, како што ми се чинеше, ja имав, не можејќи да Те познаам.

И како сум можел да те видам Тебе и да познаам кој си, кога ни самиот сјај на лицето Твое не можев да го гледам и сфатам?

Од тогаш Ти, Најснисходливиот, си благоволил често да доаѓаш кај мене во време кога јас стоев кај изворот; и Ти ја нурнуваше мојата глава во водата, и ми даваше појасно да ja видам светлоста на Твоето лице, па веднаш одлетуваше станувајќи невидлив, не давајќи ми да сфатам кој си Ти што го чиниш ова, од каде доаѓаш и каде заминуваш; ете, ни досега не ми даваш да го сфатам тоа.

Доаѓајќи кај мене, и заминувајќи на таков начин мошне долго време, Ти ми се јавуваше малку по малку сѐ појасно, ме миеше co водите Свои сѐ повеќе и повеќе, и ми даруваше да ja видам светлината сѐ почиста и почиста, и сѐ пообилна и пообилна.

Правејќи го тоа за мене долго време, најпосле Ти ме удостои да видам страшна тајна. Еднаш кога Ти дојде и ме миеше, како што ми се чинеше, co водите, и многу пати ме нурнуваше во нив, јас видов молњи од кои што блескав, и зраци од лицето Твое кои се мешаа co водите и, гледајќи се себеси измиен co пресветлите и блескави води, јас станав вонсебен.

Како се случи тоа и од каде, и кој беше давател на тоа, не знам, само измиен, јас се радував растејќи во верата, окрилувајќи се co надежта, и излетувајќи до небото…

Поминувајќи долго време така co благодатта Твоја, јас видов друга страшна тајна:

Ти ме зеде, се вивна на небесата. ме вознесе и мене co Себе, само не знам дали co тело или без, тоа го знаеш единствено Ти, Кој го стори тоа.

Откако поминав многу време таму восхитувајќи и’ се на величината на славата, jac бев надвор од себе од неизмерните висини нејзини и целиот затреперив.

Но, Ти повторно ме остави сам на земјата, на Koja што стоев предходно. Доаѓајќи си на себе, се најдов како плачам и се чудам на осиромашувањето свое.

Кратко време по тоа, откако ме врати долу, Ти изволи горе на небесата кои се отворија да ми го покажеш лицето Свое како сонце, без обличје и вид. Но и тогаш Ти не ми даде да познаам кој си Ти…

Така, на таков начин, Ти ми се јавуваше често, и не ми кажуваше ништо, туку се сокриваше и повеќе не се појавуваше.

A jac, гледајќи во водите, како што гледав и претходно, молњи и блескање на лицето Твое, кои повторно ме опкружуваа и кои јас никако не можев да ги дофатам, често се сеќавав како еднаш Те видов горе, и мислејќи во своето незнаење дека тоа бил некој друг, jac повторно co солзи барав да Те видам.

Кога најпосле, потиштен од огромна жалост и тага, јас потполно се заборавив самиот себе, и целиот свет околу себе, и се што е во светот, не држејќи во умот ништо од сѐ што е видливо, тогаш повторно ми се јави Ти невидливиот, недопирливиот, недофатливиот.

Тогаш чувствував како Ти го очистуваш мојот ум, ги отвараш повеќе очите на душата моја, и ми даваш подобро да ја видам славата Твоја. И како Самиот Ти стануваш сѐ поголем и поголем, и co блескањето се шириш сѐ повеке и повеќе, и мене ми изгледаше дека co оддалечувањето од темнината Ти се приближуваш сѐ поблиску и поблиску – како што тоа често го доживуваме и во материјалните работи.

Зашто кога месечината сјае и облаците брзаат гонети од ветрот, тогаш се чини како и месечината да патува побрзо, иако всушност, таа не патува побрзо од својот вообичаен тек.

Така, о Господи, и мене ми изгледаше дека Ти неподвижниот се движиш, дека Ти неизменливиот се менуваш, дека Ти безобличниот се вообличуваш…

А кога потполно го очисти мојот ум, Ти јасно ми се јави во светлината на Духот; и додека мојот ум Те гледаше појасно и почисто, мене ми изгледаше како Ти да излегуваш од некаде, и се појавуваш пресветол, и ми даваш да ги видам цртите на безобличното обличје Твое.

Тогаш Ти направи јас да излезам од овој свет; мене ми се чини и од телото мое, зашто Ти не ми даде точно да го сфатам тоа.

Но, Ти сјаеше неизмерно, и како што ми се чинеше, ми се јави целиот, и добро Те видов.

А кога Те прашав:

„О Господи, кој си Ти?”

Тогаш Ти за прв пат ме удостои мене блудниот, да го слушнам и преслаткиот глас Твој, и толку слатко и благо разговараше co мене, што јас станав вонсебен, и се чудев, и треперев, и помислував во себе и велев:

– Каква е оваа слава и ова огромно блескање? Како и поради што се удостоив на таквите блага?

А Ти ми рече:

– Јас сум Бог Кој од љубов спрема тебе станав човек. Бидејќи
ме бараше co целата своја душа, од денес ќе бидеш мој брат, и пријател и сонаследник.

Додека го слушав тоа, јас затреперив, исчезна мојата сила и само што душата не ми излезе. Откако се прибрав малку, одговорив:

– Кој сум јас, Господи, и какво добро сум сторил јас бедниот и ништожен, та ме удостојуваш на толкави блага и ме чиниш соучесник и сонаследник на славата Твоја?

Притоа сметав дека оваа слава и радост се над секој ум. А Ти, Владико мој Христе, повторно ми рече:

– Јас зборувам co тебе како пријател co пријател преку Светиот Дух, Кој заедно co мене ти зборува тебе. Ти го дарував ова, единствено за твојата добра волја, и за верата твоја, и ќе ти дадам и повеќе од тоа.

Зашто ти, кого што јас гол те создадов, што друго имаш како свбе сопствено освен добрата волја или пак некогаш си имал, за јас да го примам од тебе и во замена за тоа да ти го дарувам ова?

Сепак, додека потполно не се разрешиш од телото, нема да го видиш совршеното, ниту пак овде ќе можеш целосно да уживаш во него.

А кога јас на тоа реков:

– Господи, има ли нешто друго посјајно и поголемо од ова? Ќе бидам благодарен ако останам во ваква слава и по смртта.

Тогаш Ти ми одговори:

– Премногу е мала твојата душа, човече, кога ти се задоволуваш само co вакво богатство. Зашто тоа, во споредба co идното богатство, се разликува од ова, како што небото нацртано на хартија се разликува од вистинското небо; неспоредливо повеќе идната слава се разликува од оваа што ja гледаш сега.

Откако го рече тоа, Ти замолча и малку по малку се сокри од очите мои, слатки и прекрасен Господи мој. И јас не знам, дали јас се оддалечив од Тебе, или Ти си отиде од мене.

Сепак, мене ми се стори како да дојдов од некаде и влегов во своето претходно живеалиште, и тогаш целосно се вратив во себе.

Потоа, сеќавајќи се на чудесноста на славата Твоја и зборовите Твои, Господи, јас плачев: плачев и кога одев, и кога јадев, и кога пиев, и кога се молев и имав неискажана радост што Те познав Тебе, Творецот на сите творенија.

Та како можев да не се радувам?

– Па сепак, потоа повторно наиде жалоста, жалоста што одамна не сум Те видел. Во таа силна желба повторно да Те видам, еднаш јас тргнав кон светата икона на Пресветата Мајка Твоја да ја целивам, и припаднав кон неа молејќи и’ се, а Ти, пред да станам, се јави внатре во бедното срце мое, и го осветли!

Тогаш јас дознав дека навистина Те имам во себе. Оттогаш започнав да Те љубам Тебе, не само поради спомените, односно не само што се сеќавав на Тебе и на славата Твоја, туку затоа што вистински верував дека внатре во мене Те имам Тебе, Ипостасната љубов, зашто вистинската љубов навистина си Ти – Бог.

Пренесено од книгата “Житија на светиите – Март” Житие на нашиот преподобен и богоносен отец Симеон Нов богослов

Посготви М. Д.

Претходна статијаКон Пресвета Богородица – Св. Григориј Палама
Следна статијаМалку се оние од свештенството што денес автентично Го сведочат Христос во овој свет