Колку сме среќни, ние христијаните, што имаме ваков Бог!

Жал ми е за луѓето кои не Го познаваат Господ.

Тие не ја гладаат вечната Светлина и после смртта одат во вечна темнина. Ние тоа го знаеме, зашто Светиот Дух Кој е во Црквата, на светите им открива што се случува на небото, а што во пеколот.

О, бедни, залутани луѓе!

Тие не знаат што е вистинска радост.

Навистина, понекогаш се веселат и смеат, но смеата со кои тие се смеат и радоста со која се радуваат, ќе се претворат во плач и духовна мака.

Нашата радост е Христос.

Со Своите страдања Тој нѐ запишал во Книгата на животот и ние во небесното Царство ќе бидеме вечно со Бога, ќе ја видиме Неговата слава и ќе се насладуваме со неа.

Нашата радост е Светиот Дух. Тој е бескрајно благ и пријатен, и во душата сведочи за нејзиното спасение.

О, браќа мои, ве молам и преколнувам во името на Божјото милосрдие, верувајте во Евангелието и Преданието на Светата Црква, и уште тука на земјата ќе се почувствувате како во рајот.

Зашто, Божјото Царство е внатре во вас. Божјата љубов го внесува рајот во душата.

Многу кнезови и цареви, кога ја почувствувале таа љубов, ги оставиле своите титули.

И тоа е разбирливо, затоа што Божјата љубов до солзи ја насладува душата со благодатта на Светиот Дух и ништо земно не може да се спореди со неа.

Преподобен Силуан Светогорец

Претходна статијаНе треба да се очекува од свињите убаво да се однесуваат кон цвеќето (Ст. Пајсиј)
Следна статијаЗа послушанието кон духовниот отец – Старец Јосиф Спилеот