+ ПОЛЕЗНИ СОВЕТИ+

Неопходно е мажот и жената, ако сакаат да се венчаат, да најдат добар духовник на кого и обајцата ќе ја потчинат својата волја.

Духовниот отец ќе одигра улога на арбитер и со тоа ќе ги спречи кавгите во семејството. Кога ќе дојде до недоразбирање, тие ќе разговараат со својот духовник кој ќе им покаже каква е Божјата волја.

Доколку не биде така, бракот ќе се распадне, зашто ќе се замешаат и нејзините родители, кои ќе се обидат да ја наметнат својата волја.

Но ако се согласат да имаат заеднички духовен отец кој ќе ги раководи, лесно ќе избегнат секакво несогласување во семејството.

Од голема полза за брачниот пар е да има заеднички духовен отец.

Тој постапува како дрводелецот кој се обидува да спои две парчиња дрво: ги делка нерамнините за да можат овие две парчиња да се залепат едно со друго.

Најдобро е ако сите членови на семејството имаат еден и ист духовен отец, зашто тој ќе биде запознаен со сите нивни проблеми и ќе може да понуди соодветен совет за секого од нив.

Старец Паисиј Светогорец

Претходна статијаЈуродив – безумноста заради Христа!
Следна статијаНишто што е чисто не може да биде осквернето од овој свет!