Во срцето на човекот постои и зло и добрo!
Од нашиот труд зависи ко.ое од овие две ќе надвладее.
Ако не се трудиме, ќе надвладее злото. Ако се потрудиме, ќе победат доброто и добродетелите.
Таа борба е безмилосна. Ќе паднеш, и повторно ќе се подигнеш, и пак ќе паднеш и пак ќе станеш.
Борбата е доживотна, зашто ѓаволот не те остава мирен ниту еден миг. Тој чека еден момент на невнимание, за да го искористи и да ти наштети.
Како што имаме кажано, во духовната борба е потребно смирението, бидејќи Господ само молитвата на смирените ја слуша.
Молитвата на смирениот доаѓа до Господовите уши, Неговите очи се насочени кон смиреното срце.
Оние со смирен ум Му велат на Господ: „Господи, Боже мој, Ти, ако сакаш, можеш да ја просветлиш темнината во мојата душа“.
Кога душата ќе се загрее со љубовта кон Бога, кон сѐ ќе се однесува некористољубиво и истото ќе го смета за ништо.
Ден и ноќ нема да размислува за ништо друго освен за Исус Христос.
Контактот на човекот со Бога ќе донесе најубави нешта. Кога душата ќе се соедини со Бог, тогаш доаѓаат солзите на духовната радост.
И тие солзи, како плод на духовната борба, те следат, без разлика дали јадеш или пиеш, или читаш, или се молиш.
Тоа е наградата која Бог ја дава на оние што се трудат и ги исполнуваат Неговите заповеди, и кои за цел на својот живот го поставиле спасението на душата.
Преподобен Исаак Сирин