Да ви го даде Бог на сите духот на покајанието! Плачете за вашите согрешенија, плачете за да не се исуши вашето срце!

Најосновна работа е секогаш да го имаме познанието за нашата несовршеност пред Бога.

Тогаш влегуваме во постојана напрегнатост помеѓу самоукорувањето и љубовта Христова, помеѓу покајанието и надежта во милоста Божја.

Од една страна, живееме во страдание, зашто сме толку далеку од Бога Кого Го љубиме. Од друга страна пак, ова страдание и оваа љубов дејствуваат како внатрешен оган и силно нѐ придвижуваат кон Бога.

Оваа напрегнатост го најде својот најостар израз во Словото Христово кај Старец Силуан:

“Држи го својот ум во пеколот и не очајувај!”

Ова слово може да предизвика страв, ужас и паника, но не треба да нѐ скрши. Тоа е основно начело на нашиот, во Христа живот.

Претходна статијаСв. Василиј Велики – Oсудуваме ли? На себе си нанесуваме голема штета!
Следна статијаПОСЛЕДИЦИ СОГЛАСНО ГРЕВОВИТЕ