ЗОШТО ЈА БАРАМЕ ЧОВЕЧКАТА ПРАВДА?
„…Божја правда бараме во случај кога некој нѐ повредува, а ние, наместо да го обвиниме тој што нѐ онеправдува, се самопреиспитуваме дали во тој момент сме слични во љубовта со Богочовекот Христос или не; и кога несличноста со покајание ја исправаме.
Посебна прелест е ако обвинувањето на другиот е само наша субјективна проекција.
Барањето човечка правда е една од најголемите опасности со кои се соочуваме во православниот духовен подвиг.
Правилното или неправилното надминување на човечката неправда најочигледно покажува дали во човекот преовладува верата, односно духовниот разум, или паднатата човечка логика.
Се гледа дали Му служиме на Бог или на паднатиот демон; дали ја живееме тајната на Крстот Христов или не.
Втора и следствена, на ваквото гледиште, карактеристика е и
опседнатоста со духот на враќање на злото со зло.
, во суштина, е обична освета од перспектива на Новиот Завет.
Овие две карактеристики се неразделно поврзани.
Бидете внимателни, никој не може да се самооправдува со Христовите зборови дека нема поголема љубов од таа да ја положиш душата своја за ближниот свој, оти јасно е речено „својата душа“, а не душата на непријателот….“
Митрополит Наум (извадок од беседа)